Телото минува низ четири процеси кои за вас се и повеќе од исцрпувачки, само поради тоа што сте решиле да не јадете леб.

 

Иако не треба да се внесува многу леб, посебно не белиот, сепак човечкиот организам не може да функционира добро без јагленхидрати. Еве што ќе се случи ако решите да ги исфрлите јагленхидратите од исхраната.

Ќе ја исфрлите водата

Штом од исхраната ќе ги исфрлите јагленхидратите, ќе почнете да се ,,топите,,. Но, не губите маснотии, туку вода. Кога телото ги чува јагленхидратите во облик на гликогени, секој грам хидрат во себе има вода, и тоа во количина од три до четири пати поголема од тежината на самиот гликоген.

Ќе се чувствувате лошо

Јагленхидратите се главен извор на енергија за мозокот. Кога ќе се исфрлат од исхраната и кога ќе се потроши сиот гликоген од резервите, телото ги разложува мастите и функционира со помош на кетоните, а резултат на тоа се задишаност, замора, вртоглавица, несоница и мачнина. Ќе се чувствувате како да имате грип. На крајот, телото се навикнува да функционира со помош на кетоните, но тоа не значи дека тоа е добро. Јагленхидратите се секогаш подобри.

Ќе имате проблеми со варењето

Тестенините од цело пченично зрно се најголем извор на влакна, кој не само што го стабилизира шеќерот во крвта, туку и го намалува ризикот од дебелеење и хронични болести. Покрај тоа, поради влакната редовно ќе одите во тоалет. Ако ги исфрлите, ќе се борите со запек.

 

Ќе станете нервозни

Јагленхидратите го зголемуваат нивото на сератонин во мозокот. Кога ќе ги отстраните сите здрави јагленхидрати од исхраната, ќе го отстраните и своето добро расположение.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина