Значи, се што ви е потребно за вежбање дома е малку време, удобна облека и вистински фитнес реквизити, коишто притоа се многу достапни, а коишто даваат ефекти идентични на вежбањето на масовни справи во теретана.

 

1. Јаже

 

Прескокнувањето јаже ја зголемува издржливоста и ги обликува мускулите на нозете и рацете. Тренерите препорачуваат прескокнување на јаже 30 минути секој ден, задолжително со музика. Песните треба да бидат со различни ритми и брзина, со цел да се намалува и зголемува наизменично брзината на прескокнување во склад со песната.

 

2. Фитнес ваљак (foam roller)

 

Фитнес ваљаците доаѓаат во различни облици и големини, а инструкторите многу го ценат во рутината на секојдневното вежбање. Постојат голем број вежби кои вклучуваат употреба на овој реквизит, а оваа значително ќе ги ублажи наслагите во горните делови на нозете. Седнете на под, подигнете го задникот и поставете го сунѓерестиот ваљак зад горниот дел од бутовите. Рацете ставете ги на подот како поддршка. Подигнете го телото и почнете да туркате горе и долу, така што ваљакот да се движи по бутовите. Повторете 10 пати.

 

3. Крпа

 

Ова е секако нејевтиниот реквизит што можете да си го приуштите. А го имате секако дома. Постојат низа практични совети како крпата оже да помогне при фитнес рутината, а ова е само една од нив:

Заземете положба за планк, така што стапалата ќе ви бидат поставени на ваљакот којшто го имате формирано од крпата. Движете ги задникот и колковите горе – долу, лизгајќи со крпата по подот. По серија од 10повторувања, вратете се во планк положба, задржете се на неа 60 секунди, a потоа повторете ја вежбата.

 

4. Руско звоно

 

Руско звоно е идеален реквизит, бидејќи вежбите кои ги вклучуваат речиси да можат да ја заменат секоја справа од теретаната којашто ќе ја замислите. Служат за јакнење на мускулите на горниот, но и на долниот и средниот дел од телото.

Најдобрите вежби кои можете да ги изведувате со руско звоно погледнете ги на видеото.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина