Оној кој ќе доживее стрес во рок од 24 часа, има поголем ризик од напад на мигрена, и треба да земе превентивна терапија на време, тврдат научниците од Харвард. Тие ги тестирале пациентите со цел да утврдат дали е можно да се предвиди настапот на главоболка на време и да ја спречат истата со лекови.

 

Тестирањето кое го извршиле подразбирало набљудување на нивоата на стрес кои личноста ги доживејала еден ден претходно. Пациентите воглавно разговарале за стресот во рамките на 24 часа пред да се појави нападот. Некои луѓе имаат поголем ризик од останатите, но до сега нападот на главоболка не можеше да се предвиди со некоја голема прецизност.

“Оваа студија покажува дека е можно да се прогнозира појава на главоболка кај луѓе кои патат од мигрена”, вели доктор Тим Хул од Харвард.

Мигрената не е само главоболка, туку подразбира и други симптоми, како што се пречки со видот, чувствителност на светлина, звуци и мириси, чувство дека сте болни и често повраќање. Мигрената е шеста на листата на болести кои не овозможуваат нормално да функционираме во текот на денот. Повеќето од оние кои патат од мигрена имаат напади еднаш или два пати месечно. Повеќе од 90% од луѓето тогаш не можат да функционираат нормално, ниту да работат.

Тим научници вели дека моделот на прогнозирање ја користи или фрекфенцијата на стресни настани или интензитетот на тие настани во предвидувањето на нападите. Иако повеќето од учесниците на студијата го опишувале стресот како умерен и мал, тој бил најсилен еден ден пред појавата на главоболката.

Сепак, треба да се направат уште испитувања за овој модел да биде применуван. Дотогаш, на пациентите им е многу тешко да проценат кога треба да земат превентивна терапија, а тајмингот е многу важен за таа да делува.

Интересно е што постои теорија која вели дека е добро да се испие еден студен пијалок набрзина за да се сопре нападот на мигрена на почетокот. Неврологот Стефани Ветрис, од Медицинскот колеџ од Тексас, вели дека овој ,,трик,, не делува баш во секоја ситуација, но дека е можно да се ублажи мигрената со студен пијалок т.е. со методот наречен,,смрзнување на мозокот,,. И овој метод и мигрената го делат истиот механизам на проток на крвта. Тоа го засилува протокот на крвта преку предната мозочна артерија, крвта навира во мозокот, бидејќи се обидува да се загрее, и така ја намалува болката која ја има предизвикана студот.

За мигрените се верува дека ги поттикнуваат промените на циркулациите на крв во мозокот. Не се знае како се случува тоа, но не штети да се изеде сладолед или студен пијалок и со тоа да се обидете да ја ублажите мигрената.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина