med i cimet

Комбинацијата на мед и цимет со векови е користена како лек за сите болести.Во минатото се верувало дека оваа комбинација може да го им го поврати видот на слепите,па дури и да ги врати во живот починатите.

Источните народи го сметаат најблаготворен дар на природата и го користат како универзален лек за сите болести и психички пореметувања.Дури и кога се конзумираат посебно, медот и циметот имаат големи лековити својства.Кај овие народи  нив постои верување дека човек кој  барем неколку пати месечно конзумира мед не може да се разболи.

Научни истражувања кои се спроведуваат во светот покажуваат дека медот и циметот имаат фантастични лековити својства како што се регенерација на ткивото и клетките зголемување на имунитетот итн.

Многу време комбинацијата на мед и цимет се смета за еликсир кој дава виталност,младост,плодност,здравје и безсмртност.Секојдневната употреба на овие две намирници го подигнува имунитетот и штити од бактерии и вируси.Доволно е во изутрина во чаша вода да ставите пола лажица мед и малку цимет.

Постојат различни начини на конзумирање на овие две намирници во зависност од здравствениот проблем.

Срцеви болести:Направете смеса од мед и цимет и намачкајте на на леб.Овој оброк може да го јадете секојдневно како појадок.Го намалува холестеролот.и го намалува ризикот од срцев удар.Кај постарите луѓе еластичноста на артериите и вените е намалена и лесно може да дојде до запушување на истите.Комбинацијата на мед и цимет ќе ги ревитализира крвните садови.

Рак на желудникот:Луѓето кои патат од овој вид на рак треба да конзумираат по една лажица мед и една лажица цимет во прав секој ден во период од 3 месеци.

Артритис:Додате една лажица мед и една лажица цимет во чаша топла вода.Ако го конзумирае овој напиок секојдневно може драстично да ви помогне кај хроничниот артритис.

Холестерол:Измешајте две лажички мед и три лажички цимет во половина литар вода.Оние кои го конзумираат овој напиток најмалку три пати дневно го враќаат нивото на холестеролот во нормални граници.

Кожни инфекции:измешајте мед и и цимет и нансете ја смесата на инфицираните делови на кожата.

Анемија.Чај од цимет помага во лечење на анемијата,а се подготвува на следниот начин:Во литар вода ставете 100гр цимет (подобро во стапчиња),и варете се додека количината на водата не се намали за половина.Кога ќе остане половина литар вода додадете еден килограм шеќер и уште еден литар вода и варете се додека не остане само еден литар.Смесата ја конзумирате како сок или 3 пати дневно по една лажица.