ljubovnik-1

Секој оган се гасне, доколку постојано не го распалуваме. Причината заради која во почетокот на врската работите беа толку возбудливи и жешки е тоа што не знаевте што да очекувате. Тажно е кога за убавите работи е потребно толку малку, а човек не сака да се потруди. Тоа е чест случај и со мажите во кревет.

Оправдувања едноставно не постојат. Во ред- умор, работа, болест и слични објаснувања се често оправдувања, но не секогаш. Сексот е уметност која не смее да биде рутина.

Сакаш ли да се сексаш со мене?

Нема ништо привлечно во ова прашање упатено на жена која ви е атрактивна. Добриот љубовник не прави вакви грешки, туку без директно прашање знае да го добие она што го сака. Нешто потполно едноставно- нежен и длабок поглед, нежен допир на нејзиното колено- ќе биде поефикасно за да го добиете она што го сакате.

Раката постави ја вака, ногата онака

Секој оган се гасне, доколку постојано не го распалуваме. Причината заради која во почетокот на врската работите беа толку возбудливи и жешки е тоа што не знаевте што да очекувате.Доколку сакате да ја одржите страста меѓу вас, потрудете се повремено да внесувате некои новини во вашиот кревет. Сексот не смее да биде по распоред и план- распламтете ја вашата фантазија и бидете креативни.

Механички секс

Поголемиот дел од жените се согласуваат дека сексот без емоции е досаден. Секоја жена заслужува труд и почит во креветот. Тоа не значи дека секој секс треба да биде феноменален и нешто од кое ќе ви се помати разумот, но потрудете се барем еднаш неделно на себеси и на неа да и овозможите нешто посебно. Бидете љубовникот од нејзините соништа!

Романтиката не е за мене

Доколку сакате вашата партнерка биде задоволна од вас, едноставните романтични гестови ќе бидат доволни за таа да ви се предаде целосно. Пратете и љубовен СМС во кој ќе и напишете нешто убаво, нежно, а воедно и стравствено. Подгответе и романтична вечера, со цвеќе- звучи смешно, но верувајте тоа навистина има ефект.

Секогаш на истиот кауч

Доколку вашата партнерка го знае напамет секој агол од вашата соба и секој звук што го испуштаат федерите, време е малку да ја промените локацијата. Пружете и жешки моменти под тушот, во автомобилот, на терасата, во шумата… Можностите се бесконечни…

Заветот на молчење

Претераното повторување на истите фрази и зборови станува досадно. После некое време, двајцата можете да станете молчаливи и едноставно да не знаеете за што да разговарате. Вистинскиот избот на зборови кај жените може да има одличен ефект. Споделете ги своите емоции со партнерката, какви и да се тие- жените сакаат да разговараат. Никогаш доста од искрени комплименти!

Не сум тип за новитети

Препуштете се на своите најдлабоки желби и од идеи преминете на дела. Доколку сакате да ја обновите и зајакнете својата сексуална привлечност препуштете им се на новите позиции, споделете ги своите фантазии, менувајте улоги, зачинете го својот сексуален живот. Нека не ве плашат новитетите во кои и двајцата ќе уживате. Не оптоварувајте се премногу, повеќето жени и онака немаат преголеми очекувања, се што сакаат од вас е малку труд и внимание. Немојте да ги разочарате!

Тагови: љубовсекс