masazanas

Кога е во прашање масажата првата асоцијација е вистинско уживање, но несомнено и сумата пари која е потребно да се издвои за ова уживање. Сепак, ако ги разгледаме фактите заради кои масажата е толку делотворна и популарна, можеби ќе одвоиме повеќе време и пари за ваквиот вид на опуштање на умот и телото од секојдневните стресови.

Самото чувство на човечки допир може да биде многу моќно, кога е во прашање опуштањето на мускулите, ослободувањето од стресот и превенција од настанувањето на повреди.  Како што движењето е вткаено во човечкиот живот од самото раѓање, така и допитот е присутен како нешто што го правиме несвесно. Како? Сигурно некогаш сте почувствувале главоболка, болка во стомакот или некоја повреда, Заради неможност за контрола на болката, ние во тој момент несвесно ја ставаме раката на болното место, со што тежнееме да се ослободиме од нелагодноста која ни ја предизвикува тоа чувствпо. Затоа чувството на човечкиот допир низ масажата е многу сензибилен олик на комуникација.

Постојат различни видови на масажа, а најосновните се :

         Хигиенска масажа (нега на телото, превенција од преморување, пренапрегнатост на мускулите)

         Спортска масажа (лечење од спортски повреди, превенција  која се должи на физички напор и релаксација на мускулите)

         Терапевтска масажа (се применува со цел лекување на разни болести)

Придобивките од масажата се навистина бројни, а еве некои од нив:

         Нервен систем  ( ја елиминира нервната раздразливост, несоницата, главоболката, напнатоста и заморот)

         Мускулен систем ( ја релаксира и намалува мускулната тензија, ја подобрува циркулацијата и тонусот на мускулите )

         Лимфен систем (ги елиминира токсичните супстанции акумулирани во организмот за време на стресни ситуации)

         Респираторен систем (го забавува и го продлабочува дишењето,  помага при исфрлањето на слузта и различните секрети)

         Дигестивен систем (помага во борбата против појавата на опстипација, односно популарно речено запек)

Како и сè во животот, секогаш има две страни на медалот, па така и масажата може да предизвика одредени несакани ефекти, особено во следните случаи:

         Зголемена телесна температура

         Промени на кожата со отоци и гној, изгореници и за време на менструален циклус

         Кај луѓе со малигни заболувања

         Кај пациенти со срцеви заболувања

          Кај дијабетичарите и слично

Заради сиве овие наведени причини, треба да бидете претпазливи и да се обратите кај проверени и стручни лица. Се на се, масажата е повеќе корисна отколку штетна, се разбира. Интересен податок е и тоа дека просториите за масажа треба да бидат наменски уредени, пожелно е просторијата  да биде бојадисана во пастелни бои, музиката е многу важна а идеалната температура во просторијата би требало да биде од 23-25 степени.

Здравата исхрана и физичката активност се предуслов за одлично здравје, добро расположение и витка линија. Ако на овие позитивни навики ја додадете и масажата, во согласност со вашите можности се разбира, животот ќе ви стане попријатен и поподнослив, што во денешно време е и голема предност.

Како да направите масажа на грб во домашни услови?

Подготовка за масажата на грб- личноста која треба да се масира нека легне на стомак, главата нека ја стави на една страна, а рацете опуштено нека бидат покрај телото. По желба, може да се стави свиткан пешкир под глуждовите на нозете. Пред да ставите од маслото за масирање, положете ги рацете на горниот и долниот дел од грбот на личноста која ја масирате. Покријте ја личноста со две големи крпи од вратот до стапалата. Замолете ја личноста да вдише длабоко, на тој начин ќе го усогласите темпото на дишење. Ова ќе ве смири и вас и личноста која ја масирате ќе се навикне на вашиот допир. Загрејте го маслото и дланките. Нанесете го маслото преку целиот грб со црвсти непрекинати движења од ефлураж техниката нагоре. Повторете го по четири пати секое од движењата кое подолу ќе го обасниме.

Техника ефлураж

Масирање со целата површина на дланката со долги и масирачки движења

1.Почнете од масажа на долниот дел на грбот– ставете ги дланките од двете страни на кичмата, прстите треба да бидат едни до други, но опуштени и свртени кон главата. Со ефлураж движења одете полека кон горе од обете страни на кичмата, се додека не дојдете до вратот. Кога ќе дојдете до рамената, раширете ги прстите и почнете да клизате низ рацете, се додека не се опуштат целосно и не го допрат подот. Кога ќе дојдете до долниот дел на грбот и задникот, повлечете ги рацете накај кичмата и полека вратете ги во почетната положба.

Лимфната масажа го подобрува движењето на лимфата, особено е добра за лечење на едемата (задржување на течностите). Со ефлураж движењата поминете со целата шака преку телото, со лесен потисок. Тежината на рацете прави доволен притисок и помага во тоа лимфата побрзо да се движи низ надворешните крвни садови.

2. Рацете ставете ги на долниот дел на грбот – Како и претходно, со ефлураж движењата цврсто одете нагоре, а кога ќе дојдете до рамената, ставете ја едната рака преку другата. Со прстите кон главата, направете едно ефлураж движење во облик на осмица на секоја плешка на рамената.

3. Раширете ги прстите и опуштете ги преку рамената– Со врвовите на палците направете кружни движења помеѓу плешките. Можеби под кожата ќе почувствувате мали чворчиња предизвикани од собраните мускулни влакна и акумулацијата на наталожените материи. Продолжете да масирате на ова место, се додека не почувствувате дека на ова место нема повеќе напнатост. Личноста која ја масирате понекогаш може да почувствува „терапевтска болка” едно тапо чувство. Доколку болно врисне, тоа може да значи дека дошло до грчење на мускулите. Доколку тоа се случи, веднаш намалете го притисокот.

4. Тргнете ги прстите од рамената, со нежни ефлураж движења одете низ телото до подножјето на грбот, па потоа повторно почнете со ефлураж движењата како под број 1.

5. Кога ќе дојдете до подножјето на кичмата, ставете ги палците на ниво на струкот од обете страни на кичмениот столб. Со јаготките на прстите и кружни фрикциони движења, во пречник од 2,5 цм, масирајте ја кичмата и одете до нејзиниот долен дел, па зафатете го горниот дел од задникот и страните од телото.

6. Повторно направете ја ефлураж техникатаза масирање на целото тело.

7. За да ја завршите масажата на грбот, бидејќи ја завршивте елфураж техниката, вратете се до подножјето на вратот и со кратки движења од 2,3 цм со врвовите на прстите одете низ кичмата и завршете со подножјето на грбот.

9. Покријте ја личноста која ја масиравте со крпа.