Ова е мешавина за масажа, која се подготвува со нерафинирано растително масло и сол (може да се користи и морска сол). Медицинската мешавина се подготвува веднаш за целиот тек на лекувањето.

Потребни се:

  • 10 лажици сол
  • 20 лажици масло (маслиново или сончогледово).
Подготовка

Маслото се меша со солта во стаклено шише. Шишето се затвора и се остава. По неколку дена се добива мешавината.

Примена

Секое утро треба да се втрива мешавината со енергична масажа на ватните пршлени на местата каде се чувствува болка. На почеток се масира 2-3 минути, додавајќи секојпат дополнителни 2-3 минути, со тоа што на крајот се стига до 20 минути масажа. По завршување на масажата, вратот се брише со мокра крпа и топла крпа.

За време на примена на постапка како што е оваа, може да дојде до мала иритација на кожата. Затоа, во овој случај по завршување со масажата, кожата се брише со сува крпа и и се става бебешка пудра во прав.

Резултатите од 10-дневниот третман е стимулирање на циркулацијата и подобрување на мускулната регенерација на рскавицата и коскеното ткиво. По 8-10 процедури се забележуваат радикални промени. Со обнова на протокот на крвта во вратниот пршлен, главоболките исчезнуваат и се поправа видот. Тоа е поврзано со фактот дека телото се ослободува од токсините, што за возврат помага да се нормализира метаболизмот. Во текот на процесот на прочистување, може да се почувствува мала поспаност и вртоглавица, но тоа не се случува често. По правило, тертирањето на остеохондрозата на овој начин минува без нус-појави и дава одлични резултати.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина