American Heart Association вели, во најновиот објавен извештај, дека кокосовото масло не е добро за здравјето на срцето. Тоа содржи разни заситени масти, дури за шест пати повеќе од маслиновото масло. Заситените масти се сметаат за нездрави поради тоа што можат да го зголемат лошиот холестерол и на тој начин го зголемуваат ризикот од срцеви болести. Со оглед на тоа што кокосовото масло се продава како здрава храна, треба да се знае дека во себе содржи повеќе заситени масти од сланината или путерот. Споед овој извештај, ова масло има 82% заситени масти, додека сланината има 39%, говедското 50%, а путерот – 63%.

 

Не повеќе од 20 до 30 грама заситени масти дневно

 

American Heart Association препорачува ограничување на вносот на заситени масти и намалување на ,,лошиот холестерол,,, кој го зголемува ризикот од боелсти на срцето. Високиот ЛДЛ холестерол води кон создавање наслаги на артериите, а резултатот е срцева болест или мозочен удар. Високите вредности на ,,добриот холестерол,, ХДЛ, имаат спротивен ефект и го намалуваат ризикот од срцевите болести.

 

Наместо консумирање заситени масти, кои ги има во црвеното месо, пржената храна, слатките и во кокосовото масло, тие треба да се заменат со подобри извори, кои содржат незаситени масти. Јадете пилешко месо без кожа, масна риба, јаткасти плодови, легуми, авокадо, користете маслиново масло и млечни производи со помал уддел на масти. Еден просечен маж не треба да јаде повее од 30 грама незаситени масти дневно, а една просечна жена не повеќе од 20 грама од нив.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина