Како до повозбудлив секс ова лето?
Како што се зголемува температурата, а облеката се намалува, не постои подобро време да го направите вашиот сексуален живот уште пожежок. И онака веќе се препотувате! Погледнете што велат експертите за тоа како на забавен начин да го зачините вашиот сексуален живот и да го направите уште повозбудлив.
Играјте се во вода
Двојките кои си играат заедно имаат добар секс. Најдете некое скриено место на езеро или на море, каде би можеле да пливате голи. Иако сексот во вода го зголемува ризикот од добивање инфекција на уринарниот тракт, малку предигра е многу пожелна. А ако се наоѓате во вашиот базен користете лубрикант, бидејќи водата може да ја измие природната влажност.
Шетајте без гаќи
Под фустанот, не носете апсолутно ништо! Наскоро ќе се чувствувате многу секси, а ако му ја шепнете на партнерот вашата мала тајна, моментално ќе го излудите! Следниот пат кога ќе имате секс, останете само со фустанот, или овозможете му да ја стави раката под фустанот и испита што тоа не сте облекле додека вечерате.
Врзете го со бикините
Еве една секс играчка за која никогаш не сте размислувале- бикинито! Искористете го за да му ги врзете со него рацете или нозете на вашиот партнер, па следниот пат кога партнерот ќе ве види во него, веднаш ќе го асоцира на секс.
Имајте секс набрзина
Сигурни сме дека ќе имате лето полно со случувања. Најмалку една свадба, забава или скара со пријателите искористете ја за да се искрадете и да имате возбудлив секс набрзина. Само изберете ја крајната кабина од тоалетот, за да не бидете фатени.
Употребете ментол бонбона
Послужете се со ментол бонбона пред да го задоволите орално вашиот партнер. Вкусот на ментол ќе му пружи пријатно ледено чувство.
Организирајте пикник
Заборавете на стариот трик со мраз, бидејќи оладеното парче лубеница има подобар ефект! Ставете парче лубеница на ерогената зона на партнерот и излижеше го (само избегнете ги гениталиите за да ги спречите инфекциите). Ова е здрав, безалкохолен, секси шот!
Изнајмете хотелска соба
Хотелите се идеални места за летен секс бидејќи ви помагаат да излезете од рутината и ве зближуваат со партнерот, тврдат терапевтите. Обидете се да играте улоги и да се преправате дека штотуку сте се запознале. Впрочем, сите добри љубовни романи содржи сцени кога на “мистериозниот странец” му го давате клучот од вашата соба.
Предигра на плажа
Се смета ли летото, доколку сте немале секс на плажа? Примамливо, но се поневозможно, поради сите оние луѓе кои ве опкружуваат. Сепак, предиграта ви е дозволена. Пешкирот за плажа може да сокрие многу работи, а вие можете да го доведете партнерот на работ од оргазам, но немојте да одите до крај. Само потсетете го што ќе правите кога ќе останете сами.
Испланирајте секси состанок
Кога ќе почувствувате наплив на адреналин, брзинскиот секс ќе биде постимулирачки, тврдат сексолозите. Затоа, изберете попладневна активност како што е сурфање, одбојка на плажа или планинарење, и искомбинирајте го тренингот со жежок секс. Звучи како добар план за лето!




