naslovna_bubreg

Сите оние луѓе кои имаат камен во бубрегот, можат да се обидат своите маки да ги скратат на многу едноставен начин- со помош на народен лек кој на многумина им ги скратил болките и непријатностите кои со себе ги носи овој здравствен проблем. Прочитајте како

Многу луѓе страдаат од камен во бубрегот, непријатни и особено болни болки кои знаат да бидат многу проблематични и непријатни. Сепак, се чини дека ситуацијата може да се ублажи и реши, и тоа благодарение на популарниот народен лек кој го решава овој здравствен проблем за само 10 дена.

Се работи за рецепт за природен лек кој се базира на житарката- просо, која се смета за чудотворна во третманот на лечење на камења во бубрезите, но исто така е одлична за превенција на камења во урината и уринарниот тракт. Ефикасно ги чисти бубрезите, ги елиминира песокот и тињата, ги отстранува камењата од бубрезите и мочниот меур и поага во лечењето на циститисот.

Просото вообичаено се смета за житарка која има многу лековити својства и висока хранлива вредност, а доколку имате проблеми со бубрезите, ова е рецептот од руската народна медицина кој може да ви помогне да го излечите во потполност.

Состојки и начин на подготовка:

Во вечерните часови, 200 грама просо исплакнете со топла вода. Истурете просо во стаклен сад од 3 литри и прелијте со 2/3 од тегли топла зовриена вода. Поклопете, замотајте во нешто топло и оставете да преноќи. Во утринските часови, ќе забележите бела матна течност во оваа тегла. Токму тоа е вашиот лек.

Прелијте ја оваа течност од теглата во друг сад. Пијте ја во текот на денот, без ограничувања, во која било количина , во било кое време. Не го фрлајте просото. Згответе здрава каша ( 1 чаша просо, 3 чаши вода , се готви за 15 минути) и изедете ја за појадок.

Во вечерните часови подгответе нова порција за следниот ден, по истата постапка и правете го ова секоја вечер следните 10 до 15 дена. По овој временски период, каменот ќе се растопи и ќе излезе заедно со урината, а бубрезите ќе бидат исчистени и од песок, тиња и камења. Во исто време, воспалението ќе биде елиминирано, а ткивата на бубрезите и уринарниот тракт обновени .

Оваа житарка му е достапна на секому. Таа не е скапа и може да се најде во сите продавници за здрава храна. Со воведувањето на просото во вашата исхрана ќе допринесете за здравјето на бубрезите, па не е на одмет доколку се послужите со овој рецепт, дури и ако не страдате од камен во бубрегот, чисто заради превенција.