Јогата ги менува гените?
Оние кои практицираат јога или медитација можат да наведат бројни бенефити поради кои повторно и се враќаат на оваа пракса. Бенефитите одат и повеќе од намалување на стресот и подобрување на флексибилноста. Една неодамнешна студија изведена од страна на истражувачи од Универзитетот во Осло, Норвешка, открива дека јогата има способност да ги менува и гените?! Овие промени во гените се способни за брзо подобрување на имунолошкиот систем на начин на кој другите вежби и намалувачи на стресот не се во можност да го направат.
Бројни истражувања го имаат потврдено позитивниот ефект врз здравјето од менталните и физичките медитациски техники, а она најновото, објавено во списанието Frontiers in Immunology, покажало дека делува и врз нашите гени.
Според заклучокот на британската студија, медитацијата, јогата, пранајамата, таи – чито, гигонгот и сличните техники ја намалуваат активноста на гените кои индуцирани од стресот произведуваат воспалителни процеси во телото. А познато е дека хроничните воспалителни процеси го зголемуваат ризикот од разв на некои видови рак, кардиоваскуларни болести, артритис, астма, Алцхајмерова деменција и психички нарушувања.