Јаворовиот сируп е потполно природен засладувач. Се добива од посебен вид на јаворово рво (лат. име acer saccharum) кое содржи најголеми количини шеќер. Во текот на зимскиот период стеблото од јаворот се дупчи и од него истекува сок кој потоа се собира во садови. Потоа се вари додека не добие густина како онаа на медот. По боја може да варира од темнокафеава до светлокафеава. Оваа хранлива намирница е одлична замена за шеќерот и вештачките засладувачи, а притоа е многу здрава и вкусна варијанта. Во многу земји ширум светот, јаворовиот сируп е незаобиколен додаток во слатките и солените јадења, а се користи за подготовка на сите слатки, разни непечени и печени колачи.

Лековитоста на јаворовиот сируп

Најголемата здравствена предност на јаворовиот сируп е детоксикацијата на организмот, бидејќи овозможува да се исфрлат долго таложените наслаги на цревата. На тој начин помага да се исфрлат токсините од телото, со што се спречува појавата на разни болести. Општо го поттикнува варењето, го забрзува метаболизмот и придонесува за здравјето на црниот дроб. Благодарение на големите количини цинк и манган, тој го јакне имунитетот и успешно помага во борбата против вирусите и настинките. Со своите противвоспалителни својства го намалува ризикот од кардиоваскуларните болести, Алцхајмеровата болест и одделни видови рак. Дури е докажано дека јаворовиот сируп во комбинација со сода бикарбона помага многу ефикасно во борбата против ракот. Содата е позната по своето антиканцерогено делување, додека јаворовиот сируп помага таа да се пренесе до канцерогените клетки. Со тоа се прави смртоносна комбинација за карциномот.

Јаворовиот сируп можат да го користат и дијабетичарите, бидејќи го намалува нивото на холестеролот во крвта и делува позитивно на нивото на шеќер во крвта и срцето. Но, без разлика на неговите повеќекратни бенефити, јаворовиот сируп сепак има многу калории, па треба затоа да се конзумира умерено.

Употреба

Јаворовиот сируп најмногу се користи во индустријата за производство на колачи и слатки, но е исто така и одличен засладувач во домаќинствата. Може да се мачка на палачинки, да се користи како прелив за колачи, сладоледи, овошни слатки и како додаток во смутиСо него можат да се засладуваат сите напитоци кафе, чаеви, сокови, а денес често се користи како идеална варијанта за подготовка на непечени слатки, бидејќи е здрав, вкусен и многу лековит.

Најдобро е да се чува во стаклени садови, а неотворен може да стои и до една година. Да се чува на собна температура, но ако се расипе, на површината му се појавува тенок слој мувла која треба само да се острани и сирупот повторно станува употреблив.

Рецепти

За да добиете повеќе идеи каде се да го искористите јаворовиот сируп, погледнете ги следниве неколку рецепти.

Детокс смути
  • 2 моркова
  • 1 јаболко
  • неколку листови кељ или спанаќ
  • половина лимон
  • голема лажица јаворов сируп

Сите намирници се ставаат во блендер и се миксаат една минута. По желба може да им се додаде и сезонско овошје и парче корен од ѓумбир, кој е одличен сојузник на здравјето. Смутито може да се зачини со цимет, куркума или кајенска пиперка.

Домашен овошен сладолед
  • 500 гр. банани
  • 500 грама јагоди или друго шумско овошје
  • 1 дл. кокосова павлака по овошје
  • половина лажица бурбон од ванила
  • 2 лажици јаворов сируп по овошје
  • какао зрна за украс

Овошјето смрзнете го пред да почнете да го подготвувате сладоледот. Блендирајте го со павлаката, јаворовиот сируп и малку ванила. По желба можете да додадете некои зачини како цимет, мелено каранфилче или малку чили за оние похрабрите. На крај, украсете го сладоледот со зрна какао и уживајте во својот домашно подготвен, вегански сладолед.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина