Иако првенствено ги доживуваме како досадни, вежбите за истегнување се многу корисни за пороброто функционирање на локомоторниот систем, а можат да бидат и доста интересни. Освен позитивното влијание на системот за движење, ќе наведеме уште неколку интересни позитивни влијанија на вeжбите за флексибилност врз организмот на рекреативците.

 

Телесно и ментално опуштање

 

Вежбите за истегнување се со низок интензитет, работата на срцето е смирена, а за време на нивното изведување можеме целосно да се релаксираме. Обично вежбањето не разбудува, а овие вежба имаат сосема спротивен ефект. Доколку ги правиме пред спиење, можат да не релаксираат и да не подготват за добар сон. Изведувањето на вежбите за истегнување навистина помага во намалувањето на секојдневниот стрес.

Се намалува веројатноста за повреди

 

Со зголемувањето на опсегот на движењета во зглобовите се намалува ризикот од повреди на зглобовите, мускулите и тетивите. Овој ефект е многу важен за спортистите, но и кај рекреативците, бидејќи на овој начин се намалува веројатноста за појава на повреда при изведувањето на секојдневните движења. Со погрешно движење на зглобовите, доволен е само еден непромислен потег за да настапи повреда, а опоравувањето не е толку брзо. Тоа никој не го сака!

Се подобрува циркулацијата на крвта

 

Со вежбите за истегнување се подобрува циркулацијата кај оние делови од телото кои ги истегнуваме . Со добрата циркулација се забрзуваат и регенеративните процеси. Па затоа и не зачудува фактот што токму вежбите за истегнување се прават на крајот на тренингот како почетна фаза за закрепнување на телото по напорот на тренингот, спортски или рекреативен. Слабата циркулација е болна точка за скоро сите стари лица, но се повеќе и за младите луѓе. Без добра циркулација, не може да се очекува дека телесните функции ќе се одвиваат во оптимални услови.

Се намалуваат болните менструации кај жените

 

Овој ефект,кој го предизвикуваат вежбите за истеегнување не е толку познат, но е секако интересен за секоја жена. Ретки се оние среќници кои ги немаат овие проблеми. Се чини дека “строгото мирување во кревет” сепак не е универзален лек, но токму движењето се покажува како нешто што придонесува за значително подобрување во голем број на овој вид здравствени тегоби.

 

Истегнете се во пар !

 

Наместо повеќечасовните дружења во зачадените барови, поминете го квалитетно слободното време! Вежбите за во парови се добра забава за вас и вашата пријателка. Загрејте се со бавно џогирање или одење и подготвени сте за истегнување!

 

Вежбите кои ги предлагаме спаѓаат во методите на пасивно истегнување

 

Тоа се методи за истегнување кај кои постигнувањето и одржувањето на истегната позиција на мускулите се постигнува со помош на некоја друга регија на телото, со помош на другиот партнер или некое друго помошно средство. Не се форсирајте за да не се повредите и цело време комуницирајте.

 

Вежба 1

 

vezba_1

 

Почетна позиција: Седнете со двете нозе, испружени, и спуштетего торзото во длабок наклон. Со рацете пробајте да ги фатите стапалата, додека колената ви остануваат прави и испружени.

 

Опис на вежбата : Пријателката полека и нежно ги турка нашите рамена, спуштајќи го нашето торзо во уште подлабок наклон !

Забелешка : Туркањето се врши бавно и само до позиција на лесно затегнување!

 

Функција на вежбата : Истегнување на задните странични мускули

Број на повторувања: 5

Времетраењето на повторувањето:15-20 секунди

 

Вежба 2

 

vezba_2

 

Почетна позиција : седнете, едната нога нека ви биде испружена, а другата свиткана. Свиткајте се со трупот во насока на испружената нога. Свиткајте ја и раката на таа страна.

 

Опис на вежбата: пријателката нека ја потурне свитканата рака и со тоа нека ни помогне да направиме поголем отклон и да го задржиме.

 

Функција на вежбата : Истегнување на страничните стомачни и грбни мускули

Број на повторувања : 3 на секоја страна

Времетраење на повторувањата:15-20 секунди

 

Вежба 3

 

vezba_3

 

Почетна позиција : Седнете на подот, со двете нозе испружени. Исправете го грбот и рацете кренете ги, така што ќе ги испреплетете прстите, а дланките ќе бидат свртени кон таванот.

 

Опис на вежбата: пријателката не фаќа за подлактицата, во близина на рачниот зглоб и ги повлекува двете раце нагоре.

 

Функција на вежбата: Истегнување на грбните и стомачните мускули

 

Број на повторувања: 5

 

Времетраењето на повторувањата:15-20 секунди

 

По доброто истегнување на мускулатурата, следува потполна релаксација. Ќе почувствувате!