Имате ли “кралска болест”?
Ако чувствувате болки во зглобовите, рскавицата, сврзното и поткожното ткиво, тогаш патите од гихт. Во олеснување на болките можат да помогнат природните чаеви, лесно зачинетата храна и зелечнукот. Треба да се одбегнуваат млекото, месните преработки, слатките и алкохолот.
Гихтот често се нарекува и болест на богатите или кралска болест, бидејќи се развива како последица на преголемо консумирање месо и месни преработки, но и на алкохол. Болеста дополнително ја влошува недостатокот на движење, бидејќи тоа доведува до послаба циркулација.
Гихтот започнува со силни болки и отекување на ножниот палец. До воспаление доаѓа поради покачени вредности на мокрачната киселина во крвта и во урината. Тие вредности во лабораториски мерења достигнуваат максимум од околу 300 до 320 кај жените, а 400 за мажите.
Најголемиот виновник за појавата на оваа болест е исхраната богата со протеини и белковини, кои најмногу ги има во месото и во месните преработки, но и во млекото и млечните производи, јајцата и мешунките, кои во крвотокот внесуваат белковини, како што се аминокиселините.
Болен палец
Во нормални околности, мокрачната киселина се разградува во крвта и се елиминира од организмот преку урината. Во случај на зголемено консумирање протеини (белковини), организмот почнува да произведува поголема количина мокрачна киселина. Ако и бубрезите послабо ја лачат од телото, доаѓа до зголемена концентрација на мокрачна киселина во крвта. На почетокот, ова зголемување не преставува голем здравствен проблем и пациентите се без симптоми. Меѓутоа, како резултат на хиперуремија, вишокот мокрачна киселина почнува да се претвора во кристали и да се таложи во зглобовите.
Како први симптоми на гихт се јавува видливо болен, црвен и отечен зглоб на ножниот палец. Наслагите од мокрачна киселина можат да се појават и како јазли под кожата околу зглобовите и на рабовите од ушната школка. Кристалите можат да се насоберат и во бубрезите и да доведат до камен во бубрегот.
Недоволното земање течности ја отежнува рабогтата на бубрезите и филтрирањето на крвта, а во едно ниту уринирањето нема да биде доволно за да го излачи вишокот мокрачна киселина. Затоа е многу важно да се пие доволна количина течности, најдобро лековити чаеви, од еден до два литри на ден.