Еден просечен човек повремениот или постојан недостиг на енергија и животна мотивација го надоместува така што јаде слатко. Слатко може да бидат колачи, млечни чоколади, засладено кафе или чај, засладени пијалоци, енергетски барови, конзервирана храна, леб и пекарски производи, додека оние кои се декларираат дека се хранат и живејат здраво претеруваат со консумирањето на суви овошја, мед јаворов сируп, стевија, амарант, банани, слати смути, зобени снегулки со ,,здраво,, млеко, кисела зелка, кисели краставички, комбуха и слично. Освен јадење слатко, просечниот човек пие и алкохол, понекогаш зема контрацептиви, има стресен живот…

Оние кои се декларираат дека јадат здраво – често јадат нездраво. Имаат обилен појадок, јадат многу месо, млечни производи, мора да изедат ,,нешто слатко,,, ги прескокнуваат оброците, јадат по ресторани, купуваат јадење на погрешни места, ретко јадат зеленчук, не јадат овошје, погрешно ја комбинираат храната, јадат сложени јадења – јадења на кои им е потребно многу време за подготовка и кои содржат многу намирници или пак јадат брзо и од нога. Рестораните за здрава храна често продаваат несварливи оброци. Со намера да натрупаат се т.н. здрави намирници или супер храна, ќе добиете една комбинација од која може да добиете грчеви во стомакот, што е почетен знак за воспаление.

Треба да се јаде она што редовно чисти, она кое не штити од воспаленија и не храни, односно ја балансира хемијата во нашето тело (го балансира расположението и нивото на енергија). Мулиер диетата може да биде почеток на терапија против било која болест, а терапијата во обзир ги зема телесните карактеристики, карактеристиките на варење, менталните карактеристики, односно конституцијата и животните искуства (во прехраната, телесната активност, менталниот стрес). Целта е поединецот да се врати во својата конституција, популарно наречено ,,враќање кон себе,,.

Што подразбира холистичката Мулиер диета?

1. Промена во дневната хидрација
Пијте многу течности преку вода, лимонаа, чаеви, смути, посебни напитоци, адаптогени тоници заборавете на класичниот појадок!).
Продолжете да пиете многу течности напладне прку вода, лимонада, детокс чаеви и зачински напитоци (заборавете на грицките!).


2. Редовно вклучувајте супа како главен оброк за ручек (за оние кои се болни, супата треба да биде вклучена и во вечерата)

Тоа вклучува разни зеленчукови супи за алкализирање на телото и долго време подготвувани месни или рибји супи за обновување на цревната слузница.
3. Вклучување на сиров или варен зеленчук за ручек и за вечера (коренест зеленчук за ручек, а лисјест за вечера)
4. Маслиново масло
5. Зачини


6. Овошје

* Горе наведеното треба да се јаде редовно и во неограничени количини

*Долу наведеново треба да се јаде ретко и во помали количини
7. Месо и риба по потреба исклучиво од органско потекло


8. Ориз, грав, кисела зелка, кефир 3 до 4 пари месечно


9. Јаткасти плодови – препорачувам исклучиво бадеми, понекогаш ореви ретко и исклучиво сами да се јадат или во комбинација со кисело овошје


10. Слатко (само за свеченост)   црна чоколада со мин. 70 % какао, домашни колачи во комбинација исклучиво со свежо или суво овошје, авокадо, мед, бадеми, ореви, какао, здрави масла и, ако веќе морате, снегулки – 1 доo 2 пати месечно (честото консумирање доведува до појава на кандида).

*Не јадете глутен, купечки леб и пекарски производи, купечко млеко и млечни производи, сета процесирана (несвежа) храна, млечни чоколади.

Целта на Мулиер диетата е да се снабди телото и емоциите со:

 

  • храна која е алкална (за да можат клетките да ја вршат својата функција)
  • храна која е цела (непреработена храна со полно хранливи состојки – протеини, масти, јагленохидрати, витамини, минерали)
  • храна која е противвоспалителна (храна која воедно е и лек)

Холистичката Мулиер диета дава брзо видливи резултати: енергија и расположение.
Долгорочно, оваа диета, односно начин на исхрана, чува од секакви болести.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина