gurana_3

Гуараната, лат. Paullinia cupana, е зимзелено растение кое расте на подрачјата на Венецуела и северниот дел на Бразил. Во овие области владеат тропски температури и обилни дождови кои се предуслов за раст на ова растение кое може да порасне и до 12 метри во височина. Плодот на ова растение, црната семенка со бел слој кој го опкружува, е дел од секојдневната исхрана на домородните бразилски племиња кои го нарекуваат”еликсир за долг живот”.

Повеќе кофеин од кафето

Претходно, научниците верувале дека активната состојка на гуараната е хемиското соединение – guaranine. Сепак, подоцна е утврдено дека се работи за кофеин. Всушност, гуараната е билка со највисока концентрација на кофеин. Поточно, гуараната може да содржи од 3,6 до 5,8 проценти кофеин од својата тежина, додека учеството на кофеинот во кафето е само околу 2 проценти.

Во нутритивна смисла, гуараната е вистинско прехрамбено богатство зарафи фитохемикалиите кои ги содржи какопшто се теобромин, сапонини, танин и катехини. Фитохемикалиите се моќни антиоксиданси кои помагаат во борбата против слободните радикали, кои се одговорни за појавата на голем број болести.

Теоброминот од гуараната е состојка која помага при согорувањето на мастите, па гуараната се наоѓа во многу додатоци на исхраната кои го поттикнуваат губењето на масното ткиво. Гуараната исто така се користи и како тоник за чистење лице, но и како средство за чистење на цревата, при што може да се намалат симптомите на болестите на цревата.

Освен тоа,  оваа латиноамериканска билка  се користи и како диуретик, потоа за лекување на инфекциите на уринарниот тракт, дијареа, болни менструации и главоболки. Гуараната ги релаксира  бронхијалните мускули, ја намалува анксиозноста, го штити невроните и позитивно влијае на сексуалната желба и  кај мажите и кај жените.

guarana_1

Ги подобрува когнитивните функции

Позитивните ефекти од консумирањето на гуараната се многубројни. Сепак, најголемиот позитивен ефект е оној врз човечките когнитивни функции. Клиничките испитувања потврдија дека гуараната значително ја подобрува меморијата, како и способноста за концентрација. Исто така, гуараната  позитивно влијае на расположението. Истражувањата покажувале дека една доза од 75 mg гуарана е доволна за значително поправање на когнитивните и физичките способности на испитаниците.

Една студија спроведена во Бразил покажала дека консумирањето на екстракт од гуарана за 37% го намалува создавањето на тромбоксан од арахидонската киселина. Тромбоксан е телесна супстанца која го поттикнува воспаление во ткивата (исто така позната како хормон на ткивата). Како последица на тоа, овој процес го намалува ризикот од срцев удар, со оглед на тоа дека засиленото создавање на тромбоксан може да предизвика блокада на крвните садови, срцев удар или исхемиски оштетувања (оштетувања предизвикани од намалениот проток на крвта преку поединечни одргани).

Една студија спроведена во Велика Британија го истражувала ефектот на различни дози на гуарана врз когнитивните функции и расположението на испитаниците. Испитаниците биле поделени во групи, според различните дози на гуарана кои им биле дадени: 37,5 mg, 75 mg, 150 mg и 300 mg.

guarana_2

 

Резултатите од истражувањето покажале дека гуараната ги држи луѓето подолго време будни, го подобрува расположението и ја подобрува т.н.. долгорочна меморија. Двете групи на кои им било дадено да консумираат пониски дози на гуарана покажале подобри резултати во тестовите за мерење на когнитивните функции, отколку испитаниците на кои им било одредено да внесат поголеми дози гуарана. Заклучокот од оваа студија  ги потврдил претходните истражувања според кои 75 mg гуарана е оптимална дневна количина за подобрување на когнитивните функции, општото расположение и физичките перформанси.

Го поттикнува губењето на тежината

Освен сите претходно споменати бенефиции, гуараната има позитивен ефект врз губењето на вишокот на килограми. Резултатите од една студија која била спроведена во времетраење од 45 дена, покажале дека луѓето кои секој ден консумирале по 75 mg гуарана, изгубиле во просек по 4,9 килограми. Имено, гуараната создава чувство на ситост и испитаниците кои ја внесувале гуараната, имале помала потреба од храна.

Заради кофеинот кој го содржи, гуараната има позитивен ефект врз физичките способности за време на вежбањето. Истражувањата покажале значително подобрување на изведбата кај личностите кои вежбале со висок процент на аеробен капацитет. Се покажало дека гуараната има  позитивни ефекти врз аеробните перформанси и мускулната издржливост.

Позитивните ефекти од гуараната врз нашето здравје:

-ја зголемува будноста и концентрацијата

-го закрепнува телото

-го намалува заморот и напнатоста

-го зголемува нивото на енергија

-го поттикнува губењето на тежината

-ги намалува главоболките и мигрената

-помага кај луѓе со низок притисок

-го зголемува либидото и кај мажите и кај жените

-помага во прочистувањето на цревата

-го штити организмот од многу болести

Негативните ефекти од консумацијата на гуарана се исклучително ретки и индивидуални. Имено, некаква реакција од консумацијата на гуарана или суплементите во кои се содржи можат да доживеат лицата кои се чувствителни на кофеин.

Истражувањата спроведени на Универзитетот  Nova Southeastern од Флорида потврдиле дека реакции на пијалоци кои во себе содржат гуарана имаат само лицата кои се чувствителни на кофеин. Реакциите се несоница, тресење на рацетеи главоболки. Научниците потврдиле дека малите дози на гуарана кои се наоѓаат во енергетските пијалоци не можат да предизвикаат некои здравствени проблеми или да го загрозат здравјето на поединецот кој ги консумира.

На пазарот гуараната е достапна во форма на прав, капсули, таблети или како составен дел на енергетските напитоци.