Грчеви и како да се избориме со нив
Настанокот на грчеви предизвикан е најчесто од низа фактори, а некои од нив се уште не се најјасни. Сепак, со сигурност може да се каже дека контракциите на мускулите се поттикнати со губење на течности и минерали, појави типични за потењето, или при пробеми со циркулацијата
Ненадејната болка во долниот дел од ногата или стапалото знае да биде многу непријатна. Долготрајна е и не престанува ни кога ќе застанеме. Се работи за грч, силна и неочекувана контракција на мускулите (напречно-пругастите) која се јавува без влијание на нашата волја, која се повторува и предизвикува болки слични на прободувања. Најчесто се јавува за време на спортски активности, но и навечер, додека спиеме. Настанокот на грчеви предизвикан е најчесто од низа фактори, а некои од нив се уште не се најјасни. Сепак, со сигурност може да се каже дека контракциите на мускулите се поттикнати со губење на течности и минерали, појави типични за потењето, или при пробеми со циркулацијата. Грчеви се појавуваат и кај оние кои поради проблеми со циркулацијата или забрзаното дишење имаат намалено снабдување на ткивата со кислород. Се појавуваат и кај оние кои имаат послаба физичка кондиција или, генерално, кај они кои не се подготвени за интензивни мускулни напори. Кога напорот ќе стане пресилен и претеран за одреден степен на физичка активност, настануваат посебни биохемиски реакции, кои за последица имаат контракции и грчеви. Најзагрозени се оние со прекумерна телесна тежина и слаба кондиција кои прават импровизирани програми на тренинг, не вежбаат постепено, туку се изложуваат на претеран напор.
Најчеста причина за грчевите е заморот, иако постојат и други причини:
- слаба циркулација, тогаш грчевите се јавуваат навечер, кога опаѓа телесната температура; можат да влијаат исто така и климатските услови, затоа што студот делува на циркулацијата, забавувајќи ја;
- неприродна положа на телото, каде циркулацијата е онвозможена и може да дојде до мускулни контракции;
- лекови, посебно диуретиците, можат да предизвикаат појава на грчеви и таа појава спаѓа во споредни ефекти од земениот лек;
-
претераното потење доведува до промени во мускулите и предизвикува нивно неправилно грчење
Како да се редуцира појавата на грчевите?
Доколку е можно, треба да се вежба во проветрени простории каде нема влага, со цел природниот физиолошки процес на потење да не биде засилен од климатските фактори. Спортските активности, но и деновите без нив, бараат соодветено консумирање течности и минерали по пат на исхраната и пијалоците кои содржат натриум, магнезиум, калциум и калиум. Одбегнувајте да вежбате веднаш после оброците. Процесот на варење на храната бара огромни количини крв, па за време на физичка активност ја зема од мускулните ткива.
Кај здравите лица не постојат начини за лекување на грчевите кои повремено најчесто се јавуваат по долготраен физичи напор. Фактот дека доаѓа до нивно повторување, упатува на тоа дека причината не треба да се бара во нарушувањето на хемискиот процес поврзан со потењето, бидејќи истата појава се јавува и во нормални климатски услови. Непотребно е да се земаат минерали во претерани количини, со цел да се одбегнат грчевите. Напротив. Треба да се програмира одреден начин на вежбање. Грчевите се јавуваат најчесто, како што кажавме, кај оние кои вежбаат погрешно.
Кога ќе ве фати грч, треба веднашп да се започне со масирање на болното место, кое на тој начин се загрева. Не треба да се користи мраз и облоги со мраз. По масирање на болниот дел од ногата, треба да се направи топла бања. Ако грчот го има погодено стапалото, испружете ја ногата и полека повлечете ги прстите кон телото, истовремено движејќи го стапалото напред-назад. Ако се работи за листот од ногата, единствениот начин е да станете и со сета тежина да се потпрете на местото погодено од грчот. Докторите препорачуваат и локално нанесување на противвоспалителни креми.