Флуоридите се индустриска хемиска супстанција контаминирана со честички од опасни тешки метали, како што се оловото, арсенот и радиумот. Овие тешки метали се таложат во нашиот организам со тек на време и се директно поврзани со настанокот на ракот и други заболувања во организмот. Неодамна спроведеното истражување објавено во светски познатото медицинско списание ги класифицира флуоридите во невротоксини и наведува дека тие имаат смртоносно влијание врз развојот на човековиот мозокИстражувањата на списаниетоЛанцетоткрива дека флуоридите, покрај другите отровни материи, како што се арсенот, оловото и живата, имаат штетно дејство врз развојот на човековиот мозок. Голем број држави ги ставаат флуоридите во системите за пренос на питка вода и тврдат дека не постојат здравствени ризици.

Флуоридите се додаваат поради застареното сфаќање дека го спречуваат распаѓањето на забите, наведува списанието “Scientific America”. Луѓето се убедени дека, при редовно користење во мали количини, флуоридите го поттикнуваат растот на забната глеѓ и спречуваат настанок на кариес. Но, помодерните истражувања покажуваат дека стапката на пропаѓање на забите (настанок на кариесот) е толку многу ниска, што ефектот на флуоризација на водата не може да биде оценет. Toа значи дека ползата од флуоризацијата на водата не може научно да се докажеПостојат многу посигурни начини за надополнување на флуоридот во забите. На пример, младите луѓе можат да се тестираат, иако е сигурно дека недостигот на флуорид ќе го забележи нивниот стоматолог и ќе предложи начини со помош на кој ќе може да се излекува таквата состојба.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина