Фитинската киселина, позната и како инозитол-6-фосфат, а нејзините соли како фитати, е посебно соедиение кое се наоѓа природно во многу растителни намирници, вклучувајќи ги житарките, мешунките, семињата и јаткастите плодови. Во помала количина се наоѓa и во коренестиот зеленчук и грмовидните растенија. Во речиси сите нутриционистички препораки може да се слушне дека фитинската киселина е антинутритиент”, т.е. дека го спречува телото да ги апсорбира минералите. Таа се врзува за минералите, правејќи ги на тој начин цинкот, железото и калциумот помалку достапни за организмот. Но, тоа воопшто не значи дека треба да се одбегнуваат здравите намирници богати со фитати. Попречувањето на апсорпцијата се однесува на само еден оброк! Ако, на пример, консумирате големи количини интегрални житарки за појадок, фитатите кои тие ги содржат можеби ќе го намалат апсорбирањето за време на појадокот, но речиси воопшто нема да делуваат на следните оброци.

Ова се само некои од здравствение предности на фитинската киселина, утврдени преку научни исражувања:

АнтиоксидансПоради тоа што се врзува за железото, фитинската киселина го спречува генерирањето на радикалите. Кажано поинаку, делува како антиоксиданс.

Антиинфламаторно дејствоНејзините антиоксидативни својства придонесуваат за спречување на воспаленија во телото.

Придонесува за спречување на настанок на камен во бубрезите. Проучувањата in vitro и in vivo, како и клиничките студии, јасно покажуваат дека фитинската кислина може да има значајна улога во инхибицијата на кристализацијата на калциумовите соли (еден вид на бубрежен камен).

Го намалува холестеролотИстражувањата укажуваат дека консумирањето намирници богати со фитати може да го намали нивото на липидите во серумот (крвта) и во црниот дроб: нивоата на ЛДЛ холестеролот, триглицеролот од црниот дроб и вкупните нивоа на холестерол.

Антидијабетски ефектВрз основа на истражувањата извршени врз глувци, постојат индиции дека намирниците богати со фитати можат да го намалат нивото на гликоза во крвта кај дијабетичарите.

Антиканцероген ефектИстражувањата покажале дека фитинскта киселина може да има заштитино дејство од малигните промени. Документиран е најизразениот ефект на фитинскат акислина во превенцијата од рак, бидејќи помага во контролирањето на растот, напредувањето на туморот и појавата на метастазите.

Нејзиното антиканцерогено дејство се состои од поттикнување на имунитетот, антиоксидативните својства, намалување на размножувањето и индуцирање на диференцијацијата на малигните клетки. Научниците дури укажуваат дека токму делувањето на фитинската кислина може да биде дел од механизмот со кој интегралните житарки го намалуваат ризикот од рак.

 

Неутрализирање на фитинската киселина

 

Судејќи по се, витаминот Ц може да го намали делувањето на фитините од оброкот. Значи, додавањето на лимонов сок во салатите од овошје и зеленчук може да биде полезно во таа сисла.

Фитинската киселина може да се намали преку потопување и ртење. Потопувањето се врши во обична вода и најчесто се прави преку ноќ, минимум 7 часа. Млака, малку кисела вода најдобро ја неутрализира фитинската киселина. Се вели малку киселабидејќи ако се додаде малку киселина (лимон или оцет) процесот ќе биде поефикасенНејзината деактивација започнува со самиот процес на ртење кого го поттикнува присуството на водата. Откако семето ќе одлежи во вода цела ноќ, наутро ќе забележите мало ртење на зрното односно на јаткастиот плод. Преку неутрализирање на фитинската киселина и ослободувањето од блокаторите на ензимите, му овозможуваме на нашиот организам да ги искористи сите витамини од житарките, мешунките и семето, а посебно витамините Б-комплекс.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина