Човечкиот мозок е неверојатна машина која се уште претставува голема мистерија. Помнењето е уште поголема мистерија, но некои нешта знаеме за тоа. Мозокот и кај просечните луѓе поседува некои многу необични, интересни факти за способноста за помнење. Во продолжение погледнете кои се тие.

1. Научните истражувања докажале дека човечкиот мозок може да се присетува на нешта уште додека новороденчето е во стомакот на мајката, бидејќи помнењето почнува да ,,работи,, 20 недели по зачнувањето!

2. Според едно истражување од 2001 година, левучарите имаат подобро помнење. Corpus callosum помага во присеќавањето и е поголемо кај овие луѓе.

3. Ако не се заинтересирани за некоја тема, поголем дел од возрасните може да го задржи вниманието на нешто 20 минути.

4. Кај деца на возраст од 4-5 годишна возраст се развира намерно помнење.

5. Возрасните луѓе најмногу се сеќаваат на настани од времето кога имале 15 и 25 години. Настаните од тоа време можат да сочинуваат дури 60% од нивните сеќавања.

6. Можно е да се избришат лошите спомени. Истражувањата досега направени покажуваат дека бета блокаторите го оневозможуваат сеќавањето на одредени настани.

7. Помнењето никогаш не пропаѓа, бидејќи не пропаѓа помнењето, туку нашата способност за да ги повикаме одредени содржини во свеста.

8. Краткоричното помнење може да содржи до седум информации истовремено, но само на околу 20 секунди.

9. Хипокампусот во мозокот игра голема улога во процесирањето на сеќавањата и тој опаѓа со тек на времето – до 80-та година 20% од неговите нервни клетки може да се загубат.

10. Човекот просечно има по 70.000 мисли во еден ден!

11. Невозможноста за препознавање или помнење лица може да биде редок облик на амнезија. Таа се нарекува просопамнезија.

12. Алкохолот го овозможува пренесувањето на информациите во долгорочно помнење. Од таа причина, алкохоличарите не можат да се присетат на минатата ноќ.

13. Визуелното помнење на сведоци е многу несигурно. Од 235 погрешно обвинети луѓе во САД, за нив 75 виновни се недоверливи сведоци.

14. Да беше хард – диск човековиот мозок, ќе имаше 2,5 милиони гигабајти меморија.

15. Присетувањето може да ја измени содржината на запомнетото, односно мозокот може да создаде лажни сеќавања.

16. Помнењето е нестабилно, а го слабее и недостигот на сон.

17. Помнењето кај новороденчињата за првпат се манифестира како способност за препознавање.

18. Се смета дека еден возрасен човек може да се сети на дваесет до сто илјади зборови.

19. Чудните фонтови полесно се помнат односно информациите напишани со необични букви полесносе помнат отколку обичните.
Во едно истражување спроведено во медицинска школа во Њујорк, истражувачите ги тестирале мозочните синапси (споеви помеѓу самите нервни клетки и нервните клетки и ефекторските клетки) кај генетски модифицирани глувци и притоа откриле дека кај помладите од нив ситните нишки, кои понекогаш се развиваат во долгите испакнатини на рецепторскиот крај од невронот, растат со голема брзина. Таа брзина на раст се поклопува со рапидниот развој на визуелниот кортекс.

Едноставно, од голема важност е да се одржуваат здрави мозокот и синапсите. Влошувањето на состојбата на синапсите поради болест или невротоксини е поврзано со спознајните проблеми, губење на помнењето, промена во расположението и други промени во функцијата на мозокот.

 

Тагови: помнење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина