Улогата на храната во човековиот живот е јасна. Храната е потребна за животот; за оддржувањето на нормалната состојба, за производство на енергијата и за севкупното здравје. Но, за да може храната да се искористи, клучен е дигестивниот систем кој, меѓу другото, е составен и од низа дигестивни ензими. Дигестијата, пред се, подразбира механичко и хемиско разградување на храната и хранливите материи на помали компоненти и потоа нивната апсорпција и конечно, метаболизам. Во процесот на механичко и хемиско разградување на храната активно учествуваат и дигестивните ензими.

 

Што се дигестивни ензими?

Дигестивните ензими се комплексни молекули чија главна улога е дигестија на храната, но и нивно метаболизирање и забрзување на реакцијата на искористување на хранливите материи. Ензимите се незаобиколен дел од човековиот организам, а со оглед на улогата, можат да бидат дигестивни и метаболички. Дигестивните ензими се одговорни за дигестијата на храната од мигот на консумирање се до мигот на апсорпција на хранливите материи, а се делат на 3 групи:

 

  • амилаза – дигестивните ензими кои делуваат на разградување на јагленохидратите каде доаѓа до цепење на долгите молекули – полисахариди на пример скроб и други сложени шеќери до едноставни дисахариди и моносахариди
  • протеази – дигестивни ензими кои ги разградуваат молекулите на белковините (протеините) на помали единици, пептиди и аминокиселини
  • липаза – дигестивни ензими кои ги разгрдауваат мастите, воглавно триглицеридите до масни киселини

 

Јадеме секој ден, а дали знаеме како воопшто функционира дигестијата?

Дигестијата на храната започнува веќе во устата, каде доаѓа до ситнење на храната и разградување на јагленохидратите преку делување на ензимот птијалин (α-амилаза), кој се содржи во плунката. Овој ензим ги разградува молекулите на скроб (полисахарид) на едноставни јаглеродни единки, шеќер малтоза. Освен птијалин, плунката содржи и мала количина лингвална липаза, ензим кој ги разградува мастите, чија активност продолжува во желудникот.

Во желудникот храната понатаму се вари во особено кисела средина која го активира делувањето на ензимот пепсин, чија улога е да ги разградува белковините. Во овој миг доаѓа до разградување на белковините, посебно на колагенот, и со тоа до висок степен на дигестија на прехранбените протеини, a активна е исто така и желудочната липаза, која разградува помали количини масти. Вака иситнетата и сварена храна стига до тенкото црево каде доажа до мешање на киселата содржина од желудникот со алкалниот дигестивен сок од панкреасот, кој содржи високи концентрации од различни дигестивни ензими. Имено, во овој стадиум од варењето најактивни се липолитичките и протеолитичките ензими, односно ензимите трипсин и кимотрипсин , на кои основната улога им е понатамошно разградување на белковините и пептидите, како и панкреатската липаза, која ги разградува мастите. Соковите за варење на храната од панкреасот содржат и амилаза, која и понатаму ги разградува јагленохидратите. Во тенкото црево доаѓа до речиси целосно разградување на храната и хранливите материи и токму во овој дел од гастроинтестиналниот тракт се одвива најголемиот дел од апсорпцијата на хранливите материи. Овде се наоѓа цела низа ензими – лактаза, малтаза, сахараза или сукралоза – ензими кои ги разградуваат дисахаридите на моносахариди како и ерепсинот, пратеолитички ензим чија улога е да ги разградува пептоните и полипептидите на дипептиди и трипептиди и аминокиселини.

Варењето завршува во дебелото црево, во кое во најголема мерка доаѓа до апсорпција на водата, но и до конечно метаболизирање и делување на пробиотските култури на содржината од цревата и создавање апсорпција на специфични хранливи материи.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина