Да подготвите домашна крема против целулит воопшто не е тешко. И што е најважно, оваа крема е многу поефикасна од купечките препарати. Домашната крема против целулит, подготвена по овој рецепт, ќе ги покаже првите резултати веќе после 7 дена од употребата.

Оваа крема е идеалн осредство во борбата со “портокаловата кора”, и исто така претставува ефикасно средство во борбата против стрии.

Домашна анти-целулитна крема

Потребни состојки:

– 100 мл од било која детска крема

– 5-6 таблети Мумијо

– 20 капки етерично масло од портокал

– 3-5 капки етерично масло од цимет

За подготовка на домашен анти-целулитен крем е најсоодветен детскиот крем, поради тоа што не содржи никакви штетни додатоци. Има идеален состав на маснотии и влага.

Mumio3

Таблетите Мумијо многу често се користат не само во борбата против целулитот, но исто така и при појавата на стрии. Мумијо ја затегнуваат кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, правејќи ја кожата мека и свиленкаста.

Во борбата против целулитот многу ефикасни се и етеричните цитрусни масла. Може да се каже дека тоа е вистинската намена на овие масла. Можете сами да изберете кое масло ќе го користите:  масло од портокал, лимон или лајм. Цитрусните масла ја затегнуваат и потхрануваат кожата со корисни материи.

Маслото од цимет, не само што има пријатна арома, тукуе исто така многу ефикасно ипри справувањето со портокаловата кора . Во комбинација со цитрусните масла дава одлични резултати.

Подготовката на кремата е многу едноставна:

Во тегла (не помала од 150 ml) ставете 100 грамадетска крема. Потоа додадете 5-6 фино иситнети таблети Мумијо до форма на прав и промешајте ја оваа смеса. Таблетите мумијо држете ги во фрижидер, на тој начин полесно се гмечат и иситнуваат. Додадете 20 капки портокалово масло (или друго цитрусно масло) и не повеќе од 5 капки масло од цимет.

mumio_1

Сите состојки темелно измешајте ги, поклопете и оставете смесата нека отстои 8-10 часа. После тоа, промешајте повторно. Вашиот домашенантицелулитен крем е подготвен за употреба. Не заборавајте да ја затворите тегличката после секоја употреба на кремата.

За постигнување најдобри резултати, потребно е кремата да ја втријувате секојдневно на проблематичните делови од телото, со силни движења. Првите резултати очекувајте ги веќе после 7 дена.

Рок на траење на ваквата крема- 3 недели. После тоа направете втора смеса.

После нанесување на кремата, почекајте кожата да ја апсорбира, а потоа облечете пижами или ноќница (ако ја нанесувате кремата пред спиење). Може да останат темни дамки од Мумијо  таблетите, но и да се случи ова, тие лесно може да се исперат.

За постигнување на уште подобри резултати во борбата против целулитот, се препорачува пилинг на телото при туширање најмалку 2 пати неделно, како и антицелулитни облоги од кафе и чоколадо. Да се ослободите од несаканиот целулит ќе ви помогнат и одредени вежби за дишење, како и практикување на јога.