Главни симптоми кои откриваат дека ви пречи глутенот се следниве пречки – гасови, мачнина, повраќање, ретка столица, надуеност, болки во стомакот и крварење.

 

– Сепак, освен овие симптоми, можат да се појават и невролошки нарушувања, хормонски промени, акутни воспаленија на абдоменот, замор, малаксаност, осип и црвенило на кожата. Цревната слузокожа е орган за себе, хормонски најактивен и во интеракција со сите други хормони на ендокрините жлезди и затоа нарушувањето на овој орган може да се манифестира со цела низа на симптоми. Целосно исклучување на глутенот од исхраната е единствена можна терапија, бидејќи и минималните честички од глутен можат да предизвикаат имунолошка реакција. Значи, ако ги имате следниве симптоми задолжително укажете му на својот доктор:

 

Промена на расположението

 

Освен што влијае врз варењето, глутенот влијае и врз психата, се поврзува со промена на расположението, анкциозноста, депресијата и хиперактивност, а стручњаците тврдат дека симптомите ќе се олеснат едноставно со исфрлање на храната со глутен.

 

Постојан замор

 

Како последица од интолеранција на глутенот се јавува хроничен замор, па и пад на енергијата, посебно после оброк.

 

Главоболки и вртоглавица

 

Можни се и мигрени, што докажуваат и снимките од мозокот болни од целијакија. На снимките се гледа воспаление во нервниот систем кое најверојатно предизвикува неподносливи главоболки. Тоа воспаление предизвикува вртоглавица, здрвеност и трнење во телото.

 

Хормонски промени

 

Воспаленијата кои ги предизвикува интолеранцијата на глутен ги оптоварува надбубрежните жлезди и ја нарушува работата на ендокринолошкиот систем. Токму затоа се менува нивото на хормони во телото, што може да предизвика неплодност и неправилен менструален циклус.

 

 

Чешање и осип

 

Кога телото се бори со глутенот кој не може да го свари, тоа може да предизвика појава на осип и чешање низ целото тело, а најчесто по грбот и горниот дел на рацете. Тоа воспаление е резултат на создавање на антитела од страна на имунолошкиот систем, а промените на кожата можат да потсетуваат на псоријаза.

 

Тагови: глутен
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина