Мажите кои се имаат одлучено за вазектомија се изложени на поголем ризик да развијат агресивен вид на рак на простата, покажуваат најновите истражувања. Вазектомија претставува операција со која трајно се прекинува протокот на спермата од тестисите, со што се спречува исфрлање на спермата со семенета течност. До овој заклучок дошле харвардските стручњаци кои ги проучиле податоците од повеќе од 49.400 мажи кои биле следени во период од 24 години. За тоа време дијагноза за рак на простата добиле повеќе од 6.000 испитаници, а 811 случаи завршиле со смртен исход.

Стручњаците исто така утврдиле и дека 25% од мажите кои биле подложени на вазектомија имале 10% повеќе ризик од добивање рак на простата. Овој траен метод за контрацепција е поврзан со 20% поголем ризик од напреднат рак на простата и 19% повисок ризик од развивање на фатален рак на простата, тврдат авторите, чиешто истражување е објавено во списанието Journal of Clinical Oncology. Дури и откако ја согледале групата од мажи кои редовно го контрилирале нивото на ПСА за рак на простатата, оние кои ја поминале вазектомијата за 56% биле посклони за развивање смртоносен рак од истата. Најсилна врска била забележана кај оние мажи кои биле оперирани во младоста. Истражувачите зголемениот ризик од оваа малигна болест кај мажите ја објасниле со тајмингот и притисокот врз простата која ја прави вазектомијата. Имено, со оглед на тоа што со овој оперативен зафат се блокира излезот на семето од тестисите, се појавува притисок на простатата.

Обрежувањето штити од рак на простата?!

Мажите кои како бебиња биле обрежани, имаат 14% помали изгледи за развивање рак на простатата, покажуваат најновите истражувања, додека значително помал ризик имаат оние мажи кои се одлучиле на овој чекор по 35-та година од животот. Тие, имено, имаат за 45% понизок ризик за добивање рак на простата. Притоа, мажите со црна боја на кожата биле за дури 60% позаштитени од оваа болест! До овој заклучок дошле научниците од Универзитетот во Квебек, Канада, откако ги анализирале податоците од речиси 1600 мажи заболени од рак на простатата, како и подеднаков број на здрави испитаници.

– Ова е речиси интересно откритие, со оглед на тоа што стапката на рак на простатата е највисока во светот токму кај оваа група, а никогаш не беше објаснето зошто. Не знаеме зошто заштитниот причинител е забележан кај мажите кои се обрежани по 35 – та година од животот. Тие мажи имале патолошка состојба на препуциј кое довело до обрежување – вели Мари Елиз Парент, раководител на овој истражувачки проект.

Досега, единствените познати фактори за ризик за развивање рак на простатата беа староста, семејната историја на оваа болест и африканското потекло. Но, како обрежувањето може да заштити од оваа малигна болест? Канадските стручњаци сметаат дека токму тоа го намалува ризикот од добивање (и задржување) на полово преносливи болести, кои исто така се сметаат за ризик фактор за добивање рак на простата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина