Секоја жена би требало да се грижи за здравјето на својата интимна регија на соодветен начин. Тоа, секако, е полесно да се спроведе ако се придржуваме до правилата коишто ги припишуваат гинеколозите.

 

Запомнете дека вие не сте гинеколог

 

Колку и да си го познавате сопственото тело и што ви годи, немојте да се лекувате на своја рака. Во аптеките се достапни многу препарати за сузбивање агинална инфекција, но ве советуваме да не ги користите без претходно советување со гинеколог. Користењето лекови, вагиналети, масти и друго на своја рака може да ги закомплицира работите.

 

Водете сметка при купување долна облека

 

Танги или обични гаќи? По прашањето на овој избор, стручњаците имаат поделено мислење. Додека едни сметаат дека жените не би требало да носат танги, други немаат ништо против тоа, се додека тие се удобни. Долната облека пред се мора да биде удобна и да не биде тесна. Претесните гаќи можат да го иритираат делот кај меѓуножјето, а со оглед на тоа што се во контакт со анусот, постои опасност и од пренос на бактерии. Најважно е секојдневно да ја менуваме долната облека, правилно да ја переме и да внимаваме на хигиената.

 

Обилни менструации

 

Ако менструацијата ви трае повеќе од пет дена, немојте да го занемарувате ова. Постојат жени на кои тоа им е природно, но ако тоа не е случај и со вас, а имате менструација која е преобилна и која трае долго, обратете се на гинеколог.

Разговарајте со гинекологот за болниот секс

 

Ако чувствувате константна болка за време на сексуалниот однос, тогаш тоа не смеете никако да го криете од својот доктор, бидејќи причината можат да бидат сериозни нешта како што е вагинална инфекција, фиброиди т.е. миоми, ендометриоза или цисти.

Не си поставувајте самите дијагноза од Интернет

Повеќето од нас се склони да ги ,,гуглаат,, симптомите и на сето тоа што тие значат. Вака можете да дојдете до разновидни, повеќето неточни заклучоци. Наместо Гугл, кажете му ги симптомите на гинекологот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина