Гарсинија Камбоџа е тропско овошје уште познато и како кудам пули и Малабарски тамаринд. Личи на мала тиква, а по боја е зелено-жолта. Во последниве неколку години се рекламира како ефикасен суплемент за губење на телесната тежина преку инхибирање на способноста на телото да складира маснотии и потиснувајќи го апетитот. Исто така, за ова овошје се вели дека може да го контролира холестеролот и нивоата на шеќер во крвта. Многу често може да се купи во шишенца во локалната продавница и понекогаш измешано со други состојки во производи за губење на вишокот килограми. Но, дали е оправдан сиот тој публицитет околу него? Се чини дека е, иако многу нутриционисти велат дека нема ефект да се консумира.

 

Како делува Гарсинија Камбоџа?

 

Неколку студии покажале дека активната компонента пронајдена во нејзината кора, HCA (hydroxycitric acid) има способност да го поттикне согорувањето на мастите и да го намали апетитот. Откриено е дека тоа всушност го блокира ензимот познат како citrate lyase, кој телото го користи за да создава масти. Исто така ги зголемува нивоата на серотонинот во мозокот, што не прави да се чувствуваме заситени. Сепак, крајните резултати не се толку импресивни. Неколку истражувања покажале дека оние кои ја консумирале Гарсинија Камбоџа загубиле околу еден килограм повеќе од оние кои не ја консумирале. Резултатите биле неубедливи во поглед на тоа дали суплементот бил главната причина за губење на телесната тежина. Можеби за тоа биле заслужни други фактори, како стриктна диета или тренинг на кои биле подложени учесниците во истражувањата. Крајниот заклучок е дека истражувањата мора да бидат темелни за да може да се види дали HCA има потенцијал да им помага на луѓето во губењето на вишокот килограми и оддржувањето на идеалната тежина.

 

Висок холестерол и дијабетес тип 2

 

Гарсинија Камбоџа се има покажано како олеснувач на процесот на кој нашето тело ја користи гликозата, која е основна шеќерна молекула која им е потребна на клетките како извор на енергија. Едно истражување било извршено врз глувци кои биле поделени на две групи. На едната група и била давана Гарсинија Камбоџа, а на другата не. На онаа на која и била давана имале многу ниски нивоа на шеќер во крвта од другата група. Ова е дополнителна причина зошто оние кои патат од дијабетес се интересираат за ова овошје. Доколку се зема Гарсинија Камбоџа во комбинација со лек за контролирање на нивоата на шеќер во крвта, тогаш овие нивоа можат да опаднат на опасно ниско ниво.

Неколку студии откриле дека Гарсинија може да ги подобри нивоата на холестерол, да ги намали триглицеридите и ,,лошиот,, холестерол (ЛДЛ), а да го зголеми ,,добриот,, холестерол (ХДЛ). Освен тоа, треба да се зема заедно со веќе препишан лек за контрола на холестеролот.

 

Дали има нус-појави?

 

Можните нус-појави од земањето на Гарсинија Камбоџа се:

  • Сува уста
  • Мигрена
  • Вртогавица
  • Дијареја и вознемирен стомак

ФДА, Американската агенција за храна и лекови, објавила предупредување до јавноста во 2009 година за користењето на еден производ за губење на вишокот на килограми кој во себе ја содржел Гарсинија Камбоџа поради тоа што има неколку случаи каде оние кои го користеле го заболиле црниот дроб. Суплеменот имал и некои други состојки, така што не било сосема јасно која состојка била онаа која го предизвикувало тоа.

 

Гарсинија Камбоџа има способност да влијае негативно кај:

 

  • Медикаменти за дијабетес, како апчиња или инсулински инјекции.
  • Суплементи на железо, кај анемични пациенти.
  • Медикаменти за алергии и астма, како Singulair или Accolate.
  • Медикаменти против болки.
  • Статини, лекови кои ги намалуваат нивоато на холестерол.
  • Медикаменти за психијатриски состојби.
  • Варфарин (Warfarin).

И најважно: дефинитивно НЕ СМЕЕ да се користи при бременост или доење, или доколку имате проблеми со црниот дроб или бубрезите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина