Бодибилдинг и секс- вашиот ултимативен водич
Како и сите луѓе, секој од нас има свои потреби, а сексот е една од најважните во животот на човекот. Бидејќи сите ние сме бодибилдери (или целиме кон тоа) и наша цел е да добиеме на големина и да го имаме телото од нашите соништа, секогаш ги имаме оние прашања во себе; каков е односот помеѓу бодибилдингот и сексот? Дали нашиот сексуален живот е под влијание на изградбата на нашата мускулна маса ? И многу други прашања поврзани со врската помеѓу бодибилдингот и сексот.
Цинкот како врска помеѓу бодибилдингот и сексот
Пред се, она што треба да го знаеме е дека секогаш кога некој маж доживува оргазам ослободува цинк преку во спермата, а тоа е хранлива состојка која е одговорна за правилен развој на сперматозоидите и квалитет на спермата, како и тоа дека е тесно поврзан со нивото на тестостерон. Цинкот е една од најважните врски помеѓу бодибилдингот и сексот. Зошто? Бидејќи цинкот игра, исто така, важна улога во развојот и растењето на мускулите, всушност кога нивоата на цинк во организмот се ниски, вашето либидо е значително пониско, а вашата способност за производство на чиста мускулна маса станува многу тешка.
Ова не е нешто лошо, всушност цинкот се содржи во неколку намирници како остриги, школки, пченица, црн дроб, оревчиња, индиски оревчиња, бадеми (но и други јаткасти плодови). Значи, со цел да спречите да имате низок сексуален нагон, обидете се да ги внесете овие намирници во вашата секојдневна исхрана, бидејќи тие не само што ќе го задржат вашиот сексуален нагон на високо ниво, тие исто така ќе стимулираат да напредувате и да ги постигнувате вашите цели во изградба на мускулна маса.
Сексот и силата
По партија секс, повеќето од нас се чувствуваат многу опуштено и им се приспива, во овој момент вашето тело ослободува многу висока количина на окситоцин, кој има за цел да ве релаксира и да направи да се чувствувате послаби отколку пред да имате секс. Но, тоа не може да ви предизвика никакви проблеми, бидејќи вие треба само да почекате доволно време (3 до 4 часа) за вашето тело да дојде до вообичаените хормоналните нивоа и потоа лесно можете да се вратите на вашата рутина на вежбање.
Тестостеронот како корелација помеѓу бодибилдингот и сексот
Во продолжение на прашањата поврзани со нивоата на цинк, тестостеронот е тесно поврзан со чинот на секс и бодибилдингот. Како?
Прво, сите ние знаеме дека колку почесто мажите имаат секс, толку повеќе нивното либидо (сексуалниот нагон) е повисоко, но, исто така, студиите покажаа дека колку повеќе нивоата на вашиот тестостерон се повисоки, толку повеќе сте заинтересирани за секс и на тој начин вашето либидо расте. Згора на тоа, имањето секс ќе ви помогне како засилување и ќе го одржи циклусот (бидејќи нивото на либидото и нивото на тестостерон имаат меѓусебно влијание едно врз друго).
Како што сите знаеме, како бодибилдери, тестостеронот е клучен хормон кој го стимулира растот на мускулната маса, па одржувањето на високи нивоа на тестостерон во вашето тело ќе имплицира создавање на поголеми мускули и ќе го оптимизира односот помеѓу бодибилдингот и сексот.
Бодибилдингот и секс перформансите
Очигледно, за да имате врвен перформанс во фитнес салата ќе треба да имате здраво срце, цврст имунолошки систем, но исто така и многу концентрација и фокусираност. А, сексот игра улога на јога за бодибилдери, поради тоа што не само што согорува калории, туку исто така им помага на вашите мускули да се протегнат поради специфичните движења кои се употребуваат за време на сексот и кои му помагаат на вашето тело да се движи на различни начини.
Всушност срцето треба да остане во чекор со остатокот од телото, доколку не е тоа случај, никогаш нема да бидете во можност да стигнете до следното ниво и, исто така, ако не можете да ги надминете болката и стресот никогаш нема да бидете подготвени за натпревар. Па на друг начин кажано, сексот го подготвува вашето тело за теретаната, згора на се, сексот е и мотиватор за посета на фитнес салата, бидејќи една од најважните причини што нè мотивира да ја посетиме теретаната е и тоа дека сакаме да станеме посекси и попривлечни од претходно и да измамиме воздишки од страна на спротивниот пол.
Сексот и нивоата на телесни масти
И додека сите ние посакуваме стегнато, извајано тело со убаво дефинирани мускули кое се случува кога нивоата на телесни масти се доволно ниски, не можеме да го занемариме ни фактот дека колку сме послаби, толку и нашето либидо е помало.
Ова има тесна врска со нашата тема за поврзаноста помеѓу бодибилдингот и сексот, затоа што веќе рековме нивоата на телесни масти имаат директно влијаат врз нашиот сексуален нагон (либидото) и во прилог на тоа бројот на калории внесени во текот на денот. Значи, ако сте на нискокалорична диета, за намалување на килограмите, немојте да се изненадите ако вашето либидо опаѓа.
Но не плашете се, бидејќи штом ќе се вратите на нормалното јадење и внес на калории, либидото ќе се врати во нормалните граници.
Секс пред или по тренингот
Кога станува збор за бодибилдингот и сексот, многу од вас имаат си го поставуваат следново прашање : Што е повеќе препорачливо- да се има секс по или пред тренингот?
Па, некои истражувања кои ја истражувале врската помеѓу бодибилдингот и сексот покажале дека оптималниот момент да се има секс е во првите неколку часа по тренингот, бидејќи за време на сексуалната активност се зголемува активноста на клетките и вашето тело има можност да се опорави побрзо по тренингот.
Покрај тоа, другата тема која ги збунува бодибилдерите кога имаат секс е ејакулацијата. Многумина од нив сметаат дека губат многу протеини и многу енергија кога имаат оргазми. Меѓутоа, реалноста не е толку страшна, всушност, износот на потрошени протеини е 0,1 грама (мал износ што вашето тело нема да го забележи) а износот на потрошени калории е 50, што значи дека би било лесно да се надокнадат.
Заклучок
Да ја резимираме врската помеѓу бодибилдингот и сексот:
- Ако не се чувствувате уморни денот кога имате секс и можете да вежбате нормално еден ден потоа, не постои причина да ја ограничите вашата сексуална активност.
- По сексот, обидете се да спиете малку подолго, од 9-10 часа.
- Имањето секс по тренингот е одличен начин да ја изградите мускулната маса побрзо.