Бактериската вагиноза е најчестата вагинална инфекција кај жените во репродуктивниот период. На неа отпаѓаат 60% од вулвогагиналните инфекции. Таа настанува кога ќе се наруши рамнотежата на бактериите во вагината и кога ќе преовладува растот на некои од нив. Вагината обично содржи најголем дел од ,,добрите,, бактерии, и неколку лоши. Бактериската вагиноза се развива кога ќе се зголеми бројот на ,,лоши,, бактерии во однос на ,,добрите,,

Што ја предизвикува бактериската вагиноза?

Предизвикана е од нарушување на природната рамнотежа на бактериите во вагината. Lactobacillus, “добрата бактеријаго метаболизира гликогенот во млечната киселина во вагината и ја оддржува нормалната вагинална pH, која обезбедува природна обрана од ,лошите,, бактерии. Кога одбраната ќе ослабне, останатите бактерии присутни во вагината (Bacteroides sp, Peptostreptococcus sp, Gardnerella vaginalis, G. Mobiluncus, Mycoplasma hominis) почнуваат да се размножуваат и предизвикуваат симптоми. Oд прилика, 50% од жените имаат Gardnerellu vaginalis во својата вагинална флора, но не развиваат инфекција.

Антибиотици со широк спектар на делување можат да ги уништат ,,добрите,, бактерии, да ја нарушат нормалната вагинална флора и да предизвикаат настанок на бактериска вагиноза. Пречестото миење, предолгата употреба на тампони, интраутерини контрацептивни влошки, дијафрагми и слично можат да ја нарушат таа рамнотежа. Бактериската вагиноза се поврзува и со честото менување партнери и некористењето презервативи за време на половиот однос.

Кои се симптомите на оваа болест?

Исцедок со непријатна миризба, чешање и надразнетост се најчестите симптоми за бактериската вагиноза, кои најчесто се забележуваат по полов однос или менструација. Може да биде присутен и густ, леплив бел или сивкаст исцедок 4 дена или 4 недели по контактот. Некои, пак, жени немаат никакви симптоми.

Како да знаете дека се појавила болеста?

Постојат дијагностички методи со кои се утврдува постоење на бактериска вагиноза. За време на прегледот, докторот зема примерок од вагината и со помош на него може да се открие постоењето на оваа болест. Исто така, за време на прегледот докторот може да забележи знаци за болеста, како што се бело-сивкаст исцедок.

 

Кои се компликациите од болеста?

Бактериската вагиноза се поврзува со воспалителната болест на карлицата, неплодност, вонматерична бременост, прерано породување и со мала породилна телесна маса на новороденчето на инфицираната мајка.

Како се лекува?

Бактериската вагиноза се лекува со антибиотици кои ги препишува доктор. Најчесто тоа се метронидазол или клиндамицин. Воглавно, не е потребно да се лекува и машкиот партнер.

Како да се спречи?

Болеста се уште не е доволно истражена, па од тука не се познати ни најдобрите начини на заштита од неа. Но, некои од споменатите методи можат да го намалат ризикот од добивање на болеста:

  • Апстиненција. Најдобар начин за спречување на полово преносливите болести е одбегнување на вагинален, орален и анален однос.
  • Меѓусебната верност на партнерите ја намалува можноста од зараза.

  • Употреба на презерватив за време на секој вагинален, орален или анален однос.

  • Одбегнување на пречесто миење на гениталиите, со кое се отстрануваат ,,добрите,, бактерии кои ја штитат вагината од инфекции.
  • Меѓусебен разговор помеѓу партнерите и тестирање пред стапување во меѓусебно односи.
  • Редовни гинеколошки прегледи.

  • При користење антибиотици, треба да се испие целата доза препишана од докторот, со цел да не се вратат симптомите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина