Фритата со шпаргли
Состојки:
- 2 лажици путер
- 8 јајца
- 15 шпаргли
- струк помал праз, ситно исецкан
- 1 филџан рендано тврдо сирење
- ¼ филџан сецкан босилек
- ½ лажички сол
- ¼ лажички свежо мелен црн пипер
Подготовка:
Загрејте една тава на среден оган, а рерната загрејте ја на 176 C. Во сад со средна големина изматете ги јајцата со малку сол и црн пипер и оставете ги на страна. Шпарглите исечете ги на кругови со дебелина од околу 1 см.
Во загреаната тава ставете го путерот и шпарглите и динстајте ги додека не омекнат. Кога ќе омекнат, извадете ги и оставете ги на страна. Потоа ставете го празот и динстајте го додека не омекне. Потоа додадете ги изматените јајца, босилекот и 1/3 филџан со ренданото сирење. Се измешајте добро, па оставете ја фритатата да се пржи околу 5-6 минути. Додека таа се пржи, наредете ги шпарглите одозгора и одозгора посипете со остатокот рендано сирење.
Кога ќе видите дека јајцата на краевите од тавата се испржени, префрлете ја тавата во рерната и печете додека фритатата не биде целосно испечена, околу 10 минути.


