Оваа возраст е значајна за развојот на мозокот и она што тие го јадат има големо влијание на нивната концентрација и когнитивни способности – вели психијатарот доктор Дру Ремзи, еден од авторите на книгите „Среќна диета“ и „Педесет нијанси кељ“.

Како што вели тој, следниве 7 намирници можат да им помогнат на децата да бидат поостроумни и можат да делуваат поволно на развојот на детскиот мозок.

Јајца

Протеините и хранливите материи кои се наоѓаат во јајцата им помагаат на децата да се концентрираат. Можат да ги јадат за појадок или како попладневна ужина.

Грчки јогурт

 

Мастите се многу важни за здравјето на мозокот. Полномасниот грчки јогурт (кој има повеќе протеини од останатите јогурти) им помага на мозочните клетки да бидат во добра форма за прием и за испраќање информации. Може да им се сервира на децата со интересни додатоци – на пример со снегулки кои имаат најмалку три грама влакна или со боровинки кои се богати со хранливи материи познати како полифеноли. Добра опција се и житарки со црна чоколада, бидејќи и тие содржат во себе полифеноли. Овие состојки ја оддржуваат остроумноста така што го насочуваат протокот на крвта кон мозокот.

 

Зеленчук

 

Спанаќот и кељот се богати со фолна киселина и со витамини и тие ги намалуваат можностите за добивање деменција која може да се појави подоцна во животот. Кељот е феноменална намирница, содржи антиоксиданси и други материи кои помагаат во создавањето на нови мозочни клетки.

 

Риба

 

Рибата е добар извор на витаминот Д и на омега-3 киселините, кои штитат од слабеење на менталните вештини и од слабо помнење. Лососот, туната и сардината се видови риба кои се богати со омега-3 киселини. Колку повеќе внесуваме од овие кислеини, толку подобро ќе функционира мозокот и децата ќе можат полесно да се фокусираат.

Јаткасти плодови

 

Содржат протеини, есенцијални масни киселини, витамини и минерали. Јаткастите плодови можат да го подобрат расположението и да ја намалат напнатоста во нервниот систем.

Овесна каша

 

Протеините и влакната кои се наоѓаат во овесната каша помагаат за чистење на крвните садови. Едно истражување покажало дека децата кои јаделе овесна каша со додаток на шеќер подобро ги направила задачите со меморија од оние деца кои јаделе шеќерни житарки. За да се заштитат мозочните клетки, добро е да се додаде цимет во овесната каша.

 

Јаболки и сливи

 

Јаболките и сливите се многу корисни. Тие содржат во себе кверцетин, антиоксиданс кој се бори против слабеењето на менталните способности.

 

Тагови: мозок
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина