Како да се храниме правилно според обликот на телото?
Дали некогаш сте слушнале дека обликот на нашето тело може силно да влијае на нашата линија, бидејќи, се чини, дека не е исто како и колку јадеме ако сме ,,круши,,, а колку ако сме ,,песочни часовници,,. Еве ја тајната за тоа како нашиот природен облик на телото помага да го доведеме истото во совршен ред.
ПРАВОАГОЛНИК
Вашиот облик на тело го карактеризираат тесни колкови и недефинирана половина, и најверојатно сте – слаби. Но, тоа не значи дека не треба да се грижите за своето здравје. Затоа, иако на вас не се ,,лепи,, многу, сепак одбегнувајте ги слатките и брзата храна, а јадете повеќе здрави масти (авокадо, бадеми, лосос) и намирници кои изобилуваат со растителни протеини (грашок).
ЈАБОЛКО
Ако вашиот облик е ваков, тогаш веројатно сте свесни дека килограмите сами се ,,лепат,, за вашиот стомак и затоа мора да знаете дека луѓето со овој облик на тело мра да јадат помалку, а почесто. Се советуваат по 6 оброци дневно, помали порции, и тоа намирници кои се богати со влакна, а сиромашни со масти. Ова значи повеќе овошје и еленчук, многу протеини и малку помалку дури и здрави масти. Јогуртот и свежото сирење треба да ви се секогаш на менито, посебно јогуртот, кој го регулира варењето. Треба да одбегнувате зеленчуци и овошја кои доведуваат до надуеност.
КРУША
Овој облик на тело е препознатлив по широките колкови, па луѓето од овој тип токму на овој дел се шират. Еден од проблемите со кои се среќаваат, освен вишокот наслојки на колковите, е задржувањето на вода во одрганизмот, па ова е проблем кој мора да се решава со храната. Консумирајте месо, риба, јајца, млечни производи и храна со висока оличина протеини, a од овошјето дефинитивно уживајте повеќе во лубеницата и ананасот. Тие добро ќе ве исчистат од токсините и ќе го забрзаат метаболизмот, а за подобри ефекти комбинирајте ги со растителни чаеви – посебно со зелениот чај. Покрај тоа, внимавајте од храната која има високи количини натриум во себе и секако одбегнувајте рафинирани намирници како што се белиот леб, оризот и тестенините.
ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК
Иако ова е најпожелниот облик на тело, бидејќи де дебелеете и слабеете рамномерни, а патем задржувате убав облик на телото, се чини дека овој прекрасен облик има една здравствена стапица. Имено, докажано е дека луѓето со овој облик на тело, посебно оние малку подебелите, имаат значителен ризик од високо ниво а шеќер во крвта, па затоа е и повеќе од препорачливо да се јаде помалку, а почесто. Се советуваат оброци со низок гликемиски идекс – пет до шест оброци дневно со полно свежо овошје и зеленчук, ,,чисти,, протеини и многу здрави масти. И, секако, мора да одбегнувате рази преработки кои кријат во себе мноштво штетни нутритиенти.


