Дали сте алфа или омега мажјак?
Вечното прашање кое ја скокотка фантазијата на мажите е – какви мажи жените најмногу сакаат? Ова се карактеристиките на алфата и омега мажите, но постои и уште еден тип – а тоа се бета мажјаците.
Алфа мажите повеќе ги привлекуваат жените за време на плодните денови, бидејќи тогаш потсвеста го одбира таткото на идното дете според одредени карактеристики. Од него тестостероните мора да експлодираат. Мора да биде здрав, силен и доминантен и способен да се грижи за своето семејство. Но, кога ќе помине тој период, на многу жени им се помили омега типовите, бидејќи се помирни и со задоволство им ги препуштаа одлуките.
Сепак, некои жени никогаш во животот не би одбрале омега мажи, додека на другите им е незамисливо да имаат работа со алфа примероци. Вистината е дека омега типовите сакаат кога жените ги водат низ низ животот, бидејќи се лежерни. Тие често се совршен избор за алфа жените, бидејќи тогаш полесно би се справиле со алфа мажите.
Може да се каже дека и едните и другите типови имаат добри и лоши страни, и всушност би добиле совршен маж кога би споиле некои нивни карактеристики. Но, тоа би можеле да го заклучат и мажите кога се жените во прашање.
Карактеристики на алфа мажите:
-
доминантни се
-
самоуверени
-
понекогаш и егоисточни
-
сакаат се да имаат под контрола
-
страствени се
-
помажествени се во гадбата на телото
-
сакаат да бидат лидери
-
имаат натпреварувачки дух
-
честопати се непредвидливи
-
многу се активни
-
не и дозволуваат на жената да ја плати вечерата
-
без проблеми си ги признаваат грешките
-
не се плашат да пробаат нешто ново
-
не се склони кон озборувања
-
не им треба туѓо одбројување за да направат нешто
- не се склони кон насилство (ни вербално ни физичко), освен кога ќе се почувствуваат загрозено
-
добро се снаоѓаат во кризни ситуаци
-
немаат проблем да им кажат на луѓето се в лице
-
екстроверти се
-
имаат многу пријатели
Карактеристики на омега мажите:
-
не сакаат да се истакнуваат
-
мирни се
-
можеби се со послаба телесна градба
-
паничарат кога ќе настанат проблеми
-
со задоволство им ги препуштаат одлуките на жените
-
о.к. им е жена да ги чести
-
не се авторитативни
-
понекогаш се несигурни
-
непријатно им е да кажат отворено што им пречи
-
одбегнуваат ризици и конфликти
-
нежни се кон жените
-
не се склони кон тимска работа и групирања
-
сакаат да бидат сами
-
не сакаат изненадувања
-
најпријатно им е во познати опкружувања
-
интровертни се
-
немаат многу пријатели
Постојат и бета типови на мажи
И овие се приказна за себе. За нив велат дека можеби за време на растењето им недостасувал квалитетен татковски пример на кој ќе се угледаат, па испаднале такви какви што се. Важно им е да ги исполнат туѓите очекувања, се трудат да бидат љубезни и одбегнуваат судири секојпат кога можат. Копнеат по туѓи одобрувања, што е сигурен знак за чувство на несигурност. Склони се да веруваат дека мора да бидат совршени за другите да ги сактаат, па знаат да бидат и лажно љубезни и насмеани. Инаку, многу се чувствителни и емоционални, но наат да бидат пасивно-агресивни. Кога некому ќе му направат услуга, очекуваат нешто за возврат. Ретко ги признаваат своите грешки и ќе се обидат да ги сокријат на сите можни начини.


