Американските научници објавија дека постојат силни докази кои го поврзуваат оралниот секс со ракот, и повикаа на повеќе истражувања за тоа како човековиот папилома вирус (ХПВ) може да биде обвинет за драматичниот пораст на оралниот карцином кај белците. Во САД, оралниот карцином предизвикан од ХПВ инфекција е почест од оралниот карцином кој се добива од пушење цигари, кој е и понатаму водечка причина за таков вид на рак во остатокот од светот. Истражувачите откриле 225% зголемување на случаите на орален рак во САД од 1974 до 2007 година, воглавно меѓу белите мажи.

– Кога споредувате луѓето кои имаат усна инфекција или немаат… најголемиот фактор е бројот на партнери со кои тој човек или жена имале орален секс – вели Глисон, која ги истражува ХПВ и ракот веќе 15 години. – Кога се зголемува бројот на партнери, се зголемува и ризикот.

Претходните студии сугерирале дека луѓето кои имале орален секс со шест или повеќе партнери во текот на животот, се соочуваат со осум пати поголем ризик да заболат од рак на главата или вратот, кое е поврзано со ХПВ од оние кои имале помалку од шест партнери.

Но, иако поврзаноста помеѓу ХПВ и ракот на грлото на матката се добро познати веќе долга низа години, и сега посотјат вакцини кои пружаат одредена заштита, потребни се многу истражувања за да се потврдат набљудуваните врски и да се утврдат причините. Постојат околу 150 различни видови на човечки папилома хирус (ХПВ), а околу 40 од нив можат да бидат сексуално преносливи, според американскиот Национале институт за рак од Бетесде, предградие во Њујорк. Некои може да доведат до генитални брадавици, додека повеќето високоризични видови може да доведат до орален, анален, вагинален и пенилен рак.

Полово преносливите ХПВ инфекции се вообичаени и често се без симптоми, додека нелекуваните случаи кај жените се главна причина за рак на грлото на матката. Половина од сите полово активни Американци ќе добијат ХПВ во некој миг од нивниот живот, проценил американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Американската управа за храна и лекови во 2006 година ја одобри вакцината за типовите на ХПВ вирусот кои предизвикуваат рак на грлото на матката и генитални брадавици.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина