Jадете банани за појадок? Многу грешите
Ако сакате здрави појадоци, овошје и смути, тогаш сигурно јадете и банани со најздравиот оброк во денот. Но, нутриционистите потврдуваат дека сепак, иако мислите дека работите правилно, многу грешите. Се работи за тоа што бананите, кога се јадат сами, не се добар избор, бидејќи имаат 25% шеќер, па од тука спаѓаат во умерена кисела храна.
Вистина е дека бананите даваат енергија, номногу брзо откако ќе изедете една банана ќе почувствувате глад, затоа што шеќерот делува краткотрајно, па наместо енергија настапува замор. За да не дојде до тоа, бананата треба да се јаде со некое друго овошје, со цел да успеете да ја неутрализирате нејзината киселост.
Ова не значи дека бананите не се здрави. Напротив, тие изобилуваат со калиум, влакна и магнезиум и би било добро да се изеде една на ден, но не да се изеде само една банана за појадок и ништо друго освен неа. Како што кажавме, мора да се искомбинира со нешто.


