Ива – вистинско мало скриено богатство
Тревата Ива (лат. teucrium montanum) е многу лековито растение кое расте во планинските краеви ширум светот. Кај нас е позната под името горски смиљ, а за искусниот пронаоѓач вреди како злато. Препознатлива е по малите гранчиња со бледо жолтеникави цветчиња на врвовите од гранчињата. Стебленцата се претежно издигнати и делумно дрвенести. Листовите се без петелки, влакнести само со лица, зелени и сиво – белузлави по боја. Ова растение расте во суви, топли краеви, на височина од околу 800 метри, воглавно на јужните падини. Цвета од април до септември, а се собира токму во тоа време.
Лековити својства
Тревата Ива се користела за лекување уште во античко време. Постои старо народно верување според кое оваа трева овозможува менталнои физичко закрепнување по долго боледување или тешка телесна или душевна исцрпеност. Иако е помалку позната на пошироката јавност, таа е едно од најефикасните лековити растенија. Многу е ценета во планинско – ридестите краеви, а за неа се вели дека ги лекува речиси сите болести.
Има исклучително горчлив вкус. Се користи во народната медицина за лекување на болести пред се на дишните органи и на системот за варење, па дури и за туберкулоза на белите дробови. Во својот состав има горчливи материи, како танин, метанол, петролејски етер, хлороформ, етил ацетат, 1-бутанол. Поради овие состојки дури и фармацевтите ја прпеорачуваат за јакнење на имунитетот, додека одличен избор е за оние луѓе кои се изложени на силен стрес.
Горчливите материи ја прават да може да лекува бројни болести на желудникот и олеснува надуеност. Со своето антисептично делување ги уништува патогените микроорганизми и ги отстранува штетните материи од цревата и желудникот. Ефикасна е кај болести на устата и грлото, разни инфекции, габички и афти.
Чајот од тревата Ива лекува грчеви и ја прочистува крвта. Се употребува и против сите видови трески и како помош кај шеќерна болест. Според најновите истражувања, нивото на антиоксидативни материи во чајот е еднакво со она на гинко билобата и зелениот чај, кои се познати по нивната лековитост.
Тинктурата од тревата Ива помага кај хемороиди, болести на црниот дроб и жолчката, бидејќи го поттикнува создавањето и протокот на жолчна киселина.
Како купка делува поволно на кожата, посебно кога станува збор за рани и промени на кожата. Многу е популарна во облик на балзам за ублажување на ревматизам.
Која и болест да ве измачува, обидете се да се лекувате со тревата Ива, бидејќи таа е универзален лек.
Својства на Ивата:
• делува против бактерии и габички
• помага кај болести на желудникот
• намалува воспаленија
• силен антиоксиданс
• помага кај депресија
• го регулира варењето
• ја исфрла вишокот течност од организмот
• се применува за лекување болести на дишните органи
• го јакне имунитетот
• помага кај хемороиди и кај шеќерна болест
• го чисти организмот
Подготовка на чај
Една лажица трева Ива се прелива со 200 мл. врела вода и веднаш се поклопува. По 15 минути се процедува и чајот се пие еднаш до два пати дневно пред јадење.
Подготовка на тинктура
Дваесет грама трева Ива се става во еден децилитар алкохол. Се остава да отстои две недели. Се пие три пати по 20 капки.


