Вистинско решение за дискус хернија
Дискус хернијата воглавно се јавува помеѓу 25 и 35 година од животот и почесто ги погодува мажите. Болката во грбот стана пропратна појава во современиот живот. Со предолго седење и недостиг на физичка активност плаќаме данок со навикнување на повремени непријатности во пределот на рбетниот столб. Некои поминуваат сами од себе, некои по мало раздвижување, но одделни не поминуваат. Имаат подлабока причина и бараат посериозен третман.
Доколку почувствувате болка во долниот дел од грбот, потоа во едната нога или во двете нозе, која трае подолго од 10 дена и не поминува ни со помош на аналгетици, треба да се побара помош од доктор. Тоа е прв знак за дискус хернија, заболување на рбетот кое настанува кога мекиот дел на меѓупршленскиот диск ќе излезе од своето лежиште во рбетниот канал и врши притисок на коренот на нервите. Од оваа болест боледува два посто од општата популација, додека само пет до десет посто од нив се оперираат. Најчеста е лумбалната или слабинската дискус хернија.
Дискус хернијата настанува воглавно како последица од делување на траума, т.е. кревање товар или тешка физичка работа, и тоа најчесто кај младите луѓе. Но, сепак не е со трауматично потекло, тогаш се работи за пациенти со вродена слабост на самиот рскавичен дел на дискусот.
Дискус хернијата воглавно се јавува кај луѓе помеѓу 25 и 35 година од животот. Почесто заболуваат мажите, во однос 3:1, што се поврзува со тешка физичка работа и занимавање со спорт. А стареењето не е закана дека можеме да имаме проблеми со оваа болест.
Со стареењето не се изложени на поголем ризик, бидејќи тоа предизвикува дегенерација само на дискусот, туку и на околните структури, така што кај постарите се почесто присутни дегенеративни промени во смисла на стеснување на спиналниот канал. Индивидуалните карактеристики, како што е слабоста на рскавичниот прстен, се карактеристични за животната старост. Лекувањето на дискус хернијата не значи веднаш оперативен зафат. Состојбата може да се спаси и на поинакви начини.
Во зависност од клиничката слика и невролошките состојби се одредува типот на лекување, кои на прв поглед се конзервативни, подразбира вежби за истегнување на лумбалниот сегмент со аналгетици, антиревматици и миорелаксанти. Ако тоа не помогне во следните два месеца и болката и понатаму постои, тогаш доаѓа во предвид оперативно лекување. Операцијата е единствен спас кога посоти невролошки дефицит како што е паднато стапало или синдромот кауда еквина, кој ги опфаќа сензитивните и моторните нарушувања на долните екстремитети, нарушување на празнењето на мочниот меур и на дебелото црево или нарушуавње на сексуалната функција.
По операцијата, доколку се извади заболениот дискус, пациентот нема воопшто никакви тегоби. Според зборовите на нашиот соговорник, вториот ден по
операцијата тој станува и оди, а во следните месец дена закрепнува се до нормална состојба. Тегобите, пак, можат да настанат при рецидив на дискус хернија или на процеси со лузни кои се јавуваат на местото на операцијата. Ако постоперативно не дојде до рецидив, квалитетот на животот не се разликува од нормалниот. Поради тоа што се работи за многу млади лица, оперираниот пациент може да ги извршува истите физички активности со одбегнување кревање тешки товари и паѓања.



