Луѓето се желни за промени, па така разни фитнес клубови настојуваат да бидат во тек со светските трендови во светот на спортот, се со цел да понудат разновидни опции и да им удоволат и на оние најпребирливите.

Aerostretching (Аеро истегнување)

 

aerostreching1

 

 

Доколку досега на истегнувањето односно стречингот, како што сакаат да го нарекуваат во светот на спортот, сте му посветувале досега само 10-15 минути на самиот крај од тренингот, знајте дека од сега тој е еден посебен спорт, на кого му се посветува целиот тренинг.

Стречингот опфаќа елементи од јога, гимнастика, танц, а постојат и варијации со вежби за сила. Меѓутоа, со големата понуда на различни комбинации на стречинг, во последно време како тренд се има истакнато аеростречингот, кој до некаде потсетува на антигравитациска јога.

За вежбање потребно е мрежа, која се прицврстува на таван, и на неа се изведуваат разни фигури, движења и спуштање на глава. Важно е да се нагласи дека за време на овие вежби не се истегнуваат само мускулите на нозете, туку целото тело. Резултатите се одлични: рбетот станува поподвижен, држењето поправилно, мускулите и лигаментите стануваат пофлексибилни и порастегливи, а се подобрува и општиот тонус и фигура.

Reformer (Реформер)

 

reformer1

 

Вежбите со реформер не се целосна новост во спортските кругови. Справата која изворно е наречена универзал реформер, ја има изумено таткото на пилатесот, Џозеф Пилатес, повтоено е на врвот на популарноста. Ја обожуваат моделите, од Карли Клос до Елена Перминова, а постојан реквизит им е и на бројни врвни танчери и спортисти. Во што е тајната на нејзината популарност?

Со помош на софистициран систем на лизгава површина, федери и јажиња, реформерот овозможува изведување на повеќе од 500 различни вежби и поттикнување на работата на оние мускули кои при вообичаеното секојдневно тренирање ретко ги употребуваме. Притоа, оптоварувањето на рбетот и зглобовите е минимално, а за време на вежбањето кое се базира на отпорот кои го даваат федерите, се ангажира целата мускулатура на телото. Добра идеја е да се направи еден пробен час со инструктор и така да се добијат информации за што точно се работи и дали ваквиот тип на вежбање одговара.

Ballet body (Балетско тело)

 

Ballet-Body

 

Аматерското занимање со балет на зрела возраст е значително поинакво од грациозниот танц на лебеди во лелеави костими. Така и балетниот тренинг, кој комбинира елементи од балетот, изгледа значително поинаков од тренингот на професионалците кои ја живејат балетската уметност.

Па така, во овој вид на тренинг има вежби кои се прилагодени за почетници, а кои претставуваат спој од различни популарни дисциплини како што се аеробик, пилатес, стречинг, јога и современ танц. Дел од вежбите се изведува со помош на шипка, исто како кај класична балетска кореографија, со таа разлика што интензитетот на вежбите е прилагоден на почетнички степен, а тоа значи дека нема преголемо оптоварување на кардиоваскулаторниот систем, сложени салта и скокови. Токму благодарение на прилагодениот режим на вежби и умереното оптоварување на мускулите, оваа дисциплина за кратко време се здоби со голем број обожаватели. Тој ќе им се допаде на сите оние кои сакаат да го поправат држењето, да го зацврстат задникот, мускулите на колковите и листовите.

Фит бокс

 

fit-box1

 

Женскиот или т.н. фит бокс е еден од популарните избори оваа сезона. За разлика од класичниот бокс, фит боксот е значително полесен и помирен. Така, наместо спаринг во ринг, многу време овде се посветува на удирање во боксерска вреќа и вежби на шипка. Вежбајќи на овој начин, се подобрува кардиоваскуларниот систем, се развива координацијата на движењата и издржливоста.

Со оглед на тоа што боксот е многу динамичен и тежок тип на аеробен тренинг, може да се очекуваат одлични резултати во вид на губење на випок килограми иподобрувае на мускулниот тонус за многу кратко време. Покрај, тоа, организмот ќе се ослободи ефикасно од стресот, па сите фрустрации и грижи насобрани во текот на денот можат да се остават на боксерската вреќа.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.