Млекото го менува дејството на лековите
Земањето на одделни лекови со одредени намирници може да има контра ефект. Ова посебно се однесува на калциумот, кој во органите за варење се врзува за одредени медикаменти, создавајќи соединенија кои тешко се растопуваат, поради што не можат да се апсорбираат во крвотокот, предупредуваат докторите од Германското национално здружение.
Како пример ги наведуваат пациентите кои земаат антибиотици и препарати против остеопороза. Тие не би смееле да консумираат млеко најмалку два часа по земањето на лековите.
Грејпфрутот би требало да го одбегнуваат оние кои земаат лекови за регулирање на холестеролот во крвта, за јакнење на имунолошкиот систем и имуносупресивите, препарати кои го спречуваат отфрлањето на органите по трансплантација. Лоша интеракција постои и при земањето на антихипертензивите.


