Намирници во кои има најмногу витамин Ц
Витаминот Ц е вистински пријател на кожата. Исто како и витамините А и Е, витаминот Ц е силен антиоксиданс. Тој ја намалува штетата предизвикана од слободните радикали, ја заштитува кожата од сончевите зраци, помага во заздравувањето на раните и го подобрува тенот. Витаминот Ц, познат уште како аскорбинска киселина, помага во заздравувањето на коските, намалувањето на лошиот холестерол и нормализирањето на крвниот притисок. Дејствува превентивно во заштитата од рак, срцеви болести, склероза и артритис.На сите нас добро ни е познато дека витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем и не прави поотпорни на вируси и настинки. Сигурни сме дека доколку се борите со настинка, витаминот Ц е вашиот најдобар сојузник во таа борба. Препорачаната дневна доза на витамин Ц за жени е 75 милиграми, додека за мажи е 90 милиграми .
Прочитајте подолу кои намирници содржат најмногу витамин Ц.
1.Гуава
Половина чаша гуава содржи 188 милиграми витамин Ц и само 56 калории.
2. Црвена пиперка
Првата асоцијација за витамин Ц ви е најверојатно некое цитрусно овошје. Меѓутоа, и црвената пиперка содржи многу витамин Ц. Во половина шолја црвени пиперки се наоѓаат 142 милиграми витамин Ц и 20 калории. Доколку пиперките ги зготвите, половина шолја од овој зеленчук ќе ве снабди со 118 милиграми витамин Ц.
3. Киви
Едно киви со средна големина содржи 70 милиграми витамин Ц и 46 калории.
4. Портокал
Еден портокал со средна големина има 70 милиграми витамин Ц и само 62 калории. Доколку сакате да пиете сок од портокал, во 3/4 чаша од сокот се наоѓа од 61-93 милиграми од овој значаен нутриент и помеѓу 79 и 84 калории.
5. Зелена пиперка
Овој зеленчук содржи 60 милиграми витамин Ц во половина шолја и се на се само 15 калории. Доколку е зготвена, зелената пиперка ќе ве снабди со околку 51 милиграм витамин Ц.
6. Сок од грејпфрут
Половина грејпфрут содржи 39 милиграми витамин Ц и 52 калории. Ако сакате да внесете повеќе корисни хранливи материи – направете сок од грејпфрут.
7. Сок од зеленчук
Пијалокот од зеленчук ќе ви обезбеди многу корисни состојки, вклучувајќи и витамин Ц. Ако додадете тука и домат, ќе добиете и корисна доза на ликопен, лековит фитонутриент. Во чаша сок од зеленчук може да се најдат 50 милиграми витамин Ц и само 34 калории.
8. Јагоди
Јагодите се богати со влакна и антиоксиданти, вклучувајќи го и витаминот Ц. Половина шолја јагоди содржат 49 милиграми витамин Ц и 27 калории.
9. Прокељ
Овој зеленчук можеби и не спаѓа во вашата омилена храна, но тој е многу здрав. Една просечна порција содржи 48 милиграми витамин Ц, 300 микрограми витамин К и само 28 калории.
10. Диња
Четвртина од една диња со просечна големина има 47 милиграми витамин Ц и само 51 калорија.


