Кавасаки болест е продолжена состојба на висока температура при која може да дојде до оштетување на срцето и на крвните садови. Вообичаена е кај децата помлади од 5 години, кај деца и возрасни од африканско потекло, карипско или азиско потекло. Иако причината за појава на оваа болест не е позната, инфекцијата со патогени и имунодефициенцијата упатуваат на епидемиолошка и клиничка слика на болеста која се карактеризира со ненормален имунолошки одговор на инфекцијата кај генерички предиспонираните деца. Болеста се јавува во текот на целата година, но најчесто во пролет и зима. Не постојат јасни докази дека таа во заедници се шири од човек на човек. Околу 2% од болните може да имаат рецидиви, кои обично се јавуваат од еден месец до неколку години од моментот на првите симптоми на болеста. Првпат болеста Кавасаки ја спомнал јапонскиот доктор Томисаку Кавасаки во 1967 година, кој при своето истражување издвојил група на деца со температура, осип на кожата, отоци на рацете и стапалата и со зголемени лимфни јазли на вратот. Неколку години подоцна, со продолжување на истражувањето, кај истите испитаници биле докажани компликации на срцето, како што е аневризма на срцевите артерии.

Описот на болеста Кавасаки за првпат бил објавен на англиски јазик во 1974 година. Мелиш во 1976 година ја опишал болеста кај четиринаесет деца на Хаваи. По овие откритија Кавасаки и Мелиш самостојно развиле истоимени дијагностички критериуми, кои и денес се користат за поставување дијагнози за класична клиничка слика на болеста Кавасаки.

Иако првпат била забележана во 60-те години од минатиот век во Јапонија, оваа болест во денешно време се почесто се дијагностицира во западните држави. До оштетување на срцето доаѓа во пет случаи од ова нарушување. Раната дојагноза на болеста е многу важна затоа што боелста Кавасаки може да биде опасна по животот.

Симптоми на болеста Кавасаки

Симптомите настануваат во период од 2 недели и вклучуваат:

  • Продолжена, трајна висока температура која трае повеќе од пет денаа

  • очи кои пецкаат и чешаат

  • испукани, отечени усни

  • болки во грлото

  • отечени жлезди на вратот, под пазувите и на препоните

По една недела висока температура може да се појават овие симптоми:

  • цревенило на дланките и на табаните, со кожа која се лупи на прстите

  • црвени дамки по целото тело

Лекување на Кавасаки болеста

Ако вашиот доктор се сомнева во Кавасаки болест, детето треба веднаш да биде примено во болница, бидејќи најефикасно е ако се започне со терапија 10 дена од почеток на болеста. Притоа со ендокардиографија можат да се побараат можни оштетувања на срцето и на крвните артерии. Интравенозно може да се даде имуноглобилин против воспалението и за намалување на ризикот од воспаление на мускулниот мускул (миокардитис). Можат да се дадат и високи дози аспирин додека да се намали високата температура и потоа да се продолжи со помали дози во траење од неколку недели. Поголем дел од децата со болеста Кавасаки закрепнуваат за 3 недели, но неколку месеци потоа мора да одат на редовни контроли и понекогаш на ехокардиографија. Сите воспаленија на срцевиот мускул обично исчезнуваат по неколку месеци. За жал, децата со прележана Кавасаки болест имаат зголемен ризик од добивање болест на коронарните артерии во подоцнежниот живот

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.