Чоколадни срца
Состојки:
- 1 филџан кокосово масло
- половина филџан какао во прав
- 2 лажици кокос
- 2 лажици рогач
- 4 лажици агава сируп
- неколку капки лимон
- рум арома
- ванила арома и малку цимет
- смрзнати вишни
Подготовка:
Се топи кокосовото масло, му се додаваат сите наведени состојки и добро се меша со раце или со миксер. Добиената смеса се става во калапи во форма на срце и во секој од нив се втиснува по една вишна. Вака подготвените срца се ставаат во фрижидер на еден до два часа да се стегнат.


