Водата е една од најважните сојузници на здравиот начин на живот, без разлика на тоа дали држиме диета или не. Помеѓу другото, таа помага во варењето и апсорпцијата на храната и помага во излачувањето на отпадните материи од цревата и бубрезите, а доколку внимаваме на исхраната, дава чувство на ситост. Може да се ,,облагороди,, со исцеден лимон, бидејќи на тој начин се добива состав на водата сличен со оној на желудочната киселина или со нарендан ѓумбир, кој го забрзува метаболизмот.

Секоја диета и начин на слабеење подразбира и пиење доволни количини вода, а според општата пресметка, препорачаната доза на консумирање вода се два литри односно осум чаши вода. Но, доколку сакаме да ги зголемиме своите можности за слабеење и успех на диетата и да го извлечеме максимумот од неа, мора прво во обзир да ја земеме сопствената телесна тежина, односно килограмите, и според тој број да одредиме колку точно вода мора да се испијат.

Еве колку вода дневно е потребно на нашето тело за да ослабнеме во поглед на телесната тежина:

– ако имаѕе 60 килограми, дневно треба да внесувате 2 литри вода (5 – 6 сервирања на вода од по 3 децилитри)

– ако имате 65 килограми, дневно треба да внесувате 2,1 литри вода, (oколу 6 сервирања вода по 3,5 децилитри)

– ако имате 70 килограми дневно треба да внесувате 2,3 литри вода (oколу 6 сервирања вода по 3,5 децилитри)

– ако имате 75 килограми дневно треба да внесувате 2,5 литри вода (околу 7 сервирања вода по 3,5 децилитри)

– ако имате 80 килограми дневно треба да внесувате 2,6 литри вода (околу 7 сервирања вода по 3,5 децилитри)

– ако имате 85 килограми дневно треба да внесувате 2,8 литри вода (околу 8 сервирања вода по 3,5 децилитри)

– ако имате 90 килограми дневно треба да внесувате 3 литри вода (околу 8 сервирања вода по 3,5 децилитри)

– ако имате 95 килограми дневно треба да внесувате 3,2 литри вода (околу 9 сервирања вода од 3,5 децилитри)

–ако имате 100 килограми дневно треба да внесувате 3,3 литри вода (околу 9 сервирања од 3,5 децилитри)

– ако имате 105 килограми дневно треба да внесувате 3,4 литри вода (околу 9 сервирања вода од 3,5 децилитри)

– ако имате 110 килограми дневно треба да внесувате 3,6 литри вода (околу 9 сервирања вода од 3,5 децилитри)

–ако имате 115 килограми дневно треба да внесувате 3,7 литри вода (10 – 11 сервирања вода од 3,5 децилитри)

Ова се совети како во текот на денот да внесувате доволни количини вода и така да ги задоволите важните правила на секоја диета:

1. Пред секој оброк испијте две чаши вода од 2,5 децилитри. Ако јадете три пати на ден, на тој начин ќе внесете 1,5 литри вода.

2. Штом станете наутро и навечер, пред легнување, испијте две големи чаши вода. На тој начин ќе внесете 1 литар вода.

Совет: Ако поради испиената вода пред спиење се будите навечер да мокрите, таа чаа вода испијте ја исто така наутро. За уште подобар ефект можете да додадете во водата лимон или други додатоци.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина