Најдобри и најчудни намирници кои мора да ги пробате
Овие намирници можат да се најдат ширум светот. Иако можеби изгледаат по малку чудно, имаат одлични здравствени предности.
1. КАРАМБОЛА
Карамболата е единствено тропско овошје во облик на морска ѕвезда. Има киселкаст вкус и по потекло е од Индонезија. Богат извор е на витаминот А и минерали. Зрелите плодови имаат многу пријатен вкус и често се подготвуваат во ледени напитоци. Ова овошје има природна лековитост. Екстрактот од коренот се користи против труење, а лисјата за лекување лишаи и кожни осипи. Поради својот диуретски ефект го користат оние кои имаат проблеми со мочниот меур.
2. ЧЕРИМОЈА (ТРОПСКО ЈАБОЛКО)
Черомојата е тропско овошје кое по вкус е комбинација на ананас, папаја и банана. Богата е со витамин Ц, калциум и железо. Се користи за спречување на ацидоза, лош здив, констипација, воспаление на бубрезите и на мочниот меур. Може да се користи во овошни салати, фрапеа и други слатки.
3. МАНГОСТИН
Мангостинот е популарно тропско овошје кое потекнува од Индонезија. Богат извор е на влакна, витамин Ц и умерена количина на витамин Б. Свежиот плод е многу вкусен, а може да се подготви и како напиток, бидејќи одлично ја гасне жедта во летните месеци.
4. КИМШИ
Ова е многу популарен оброк во Кореја. Се подготвува од ферментирана црвена или зелена зелка. Одличен извор е на витамините А, Б и Ц. Здравата бактерија која е најдена во кимши помага заварењето, ги намалува габичните заболувања и ракот.
5. ПИТАЈА
Позната е како “змајево овошје”. Потекнува од семејството кактуси од Средна Америка. Содржи многу витамини и минерали, како рибофлавин, ниацин, железо, витамини Ц и А и калциум. Делува благопријатно на здравјето на кожата, коските, забите и очите, го регулира шеќерот и го намалува крвниот притисок. Питајата е одлична како десерт во сиров облик, а може да се користи и за добивање сок. Честа состојка е во коктелите и сладоледите.
6. ЛУКУМА
Лукумата е необичен плод кој успева во високите Анди. Се одликува со висока содржина на каротен во себе, силен антиоксиданс кој го намалува ризикот од разни болести и кој го јакне организмот. Богат извор е на витаминот Б3. Правот од лукумата е одлична алтернатива за шеќерот и за вештачките засладувачи. Одлична е за подготовка на сладоледи.
7. АМАРАНТ
Оваа здрава житарка не содржи глутен, а е богата со протеини, калциум, магнезиум и витамин Е. Докажано е дека со редовно консумирање на амарантот се намалува лошиот холестерол, хипертензијата и ризикот од кардиоваскуларни болести.
8. РАМБУТАН
Рамбутан е тропско овошје со потекло од Малајскиот архипелаг. Плодот е влакнест, со црвена или жолта боја. Месото му е бело и е прицврстено за семките. Одличен извор е на витамин Ц и на калиум.
9. АГАВА
Слаткиот сируп кој се добива од истоименото јужноамериканско растение е истиот оној кој преку ферментирање дава текила. Овој сируп не може да се пие. Содржи високо ниво на фруктоза од повеќето шеќери, што значи дека е многу поздрав. Исто така, речиси за двапати е посладок од другите шеќери, што значи дека треба да се користи умерено во торти и колачи.
10. БАОБАБ
Баобаб е плодот на истоименото африканско растение. Однадвор е зелен, а внатре е белузлав. Свежиот плод на баобаб може да се најде повеќе во облик на прав кај нас. Плодот на баобаб е многу здрав, бидејќи е полн со влакна и природни пробиотици, што го прави одличен за варењето. Содржи и огромна количина минерали, витамин Ц и калциум.








