За време на владеењето на кинеските цареви, црниот ориз се одгледувал во мали количини, затоа што бил наменет само за кралското семејство, додека ,,обичниот,, народ не смеел ни да го одгледува ниту да го консумира. Денес, повеќе нема статус на ,,забранет,, но производството на црниот ориз и понатаму е помало во однос на белиот и кафеавиот ориз.

Црниот ориз во Кина има статус на речиси света храна, додека Западот на некој начин го има превидено. Штета, бидејќи научниците тврдат дека таа намирница би можела да биде нов член во групата намирници наречени супер храна. Во себе има малку шеќер, но е преполн со влакна и со растителни материи, кои се добри за срцевите болести и разни видови рак. Тим стручњаци од Универзитетот во Луизијана, САД, ги анализирале никулците од црниот ориз одгледани на југот од Земјата и пронашле големи количини во вода растворливи антиоксиданси антоцијанини. Тие се заслужни за пигментацијата на разни видови овошја и зеленчуци, како што се на пример боровинките и црвените пиперки. Значи, тие му ја даваат црната боја на овој ориз.

Богати нутритиенти

Половина филџан варен црн ориз содржи околу 160 калории и изобилство од фитонутритиенти, а покрај то е добар извор на влакна, железо, бакар и белковини. Во споредба со други видови ориз, црниот е најбогат со антиоксиданси – содржи шест пати повеќе антиоксиданси од сите други видови ориз – а содржи повеќе од двојно влакна. Освен тоа, црниот ориз е и значително побогат со белковини: половина филџан варен црн ориз содржи пет грама белковини.

Црниот ориз спаѓа во безглутенски намирници, па е идеален за оние кои боледуваат од целијакија, а се претпоставува дека секој седми човек во светот е чувствителен на глутен. Консумирањето на црн ориз наместо преработени житарки ќе им помогне на овие луѓе да се ослободат од проблемите со варењето.

Заштитник на здравјето

Како што кажавме веќе, црниот ориз ја должи својата темна боја на антоцијанините, силни антиоксиданси кои спречуваат создавање масни наслаги во артериите и со тоа го намалуваат ризикот од срцев удар. Овие антиоксиданси го контролираат нивото на холестерол подобро од која било друга состојка во храната, а воедно штитат од слободните радикали и ги намалуваат воспалителните процеси во организмот.

 

Го чува здравјето на очите

Витаминот Е, еден од антиоксидансите кој се содржи во оваа намирница, ги чува клетките на очите од делувањето на слободните радикали, спречувајќи на тој начин појава на многу очни болести, како што е на пример катарактата.

Го подобрува помнењето

Благодарение на силните антиоксиданси кои ги содржи, црниот ориз ги подобрува мозочните функции. Истражувањата вршени врз глувци покажало дека оваа намирница значително го забавува стареењето на мозокот. Одредени групи антиоксиданси, меѓу кои првенствено се антоцијанините, го подобруваат процесот на учење и помнење.

Заштита на црниот дроб

Консумирањето на црн ориз помага да се исчисти организмот од токсини и го спречува настанокот на замастен црн дроб. Со одглед на тоа дека содржи корисни влакна, црниот ориз спречува констипација, надуеност и други тегоби со варењето. Влакната од него се врзуваат за токсините и со тоа го олеснуваат нивното исфрлање од организмот. Благодарение на тоа, оваа намирница е идеален избор за сите оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми.

Штити од дијабетес

Црниот ориз со своите влакна ја забавува апсорпцијата на гликоза, а со тоа се спречува наглото зголемување на нивото на шеќер во крвта. Од друга страна, белиот ориз придонесува за отпорност на организмот на инсулин, со што го зголемува ризикот од дијабетес. Од таа причина црниот ориз им се препорачува на оние кои имаат почетен стадиум на дијабетес и оние кои се дебели.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина