Сакате сауна? Сигурно не сте го знаеле ова
Луѓето во Финска често практикуваат потење во сауни. Се покажало дека се помали шансите да имаат срцеви проблеми или дека ќе умрат прерано поради оваа навика. Препораката на стручњаците е да се оди во сува сауна три до четири пати неделно. При едно одење во сауна треба да се задржите 20 минути, па исто толку време да го ладите телото, и пак да влезете во сауната на 20 минути. Во сувата сауна температурата е висока, 90 до 100 степени целзиусови, додека нивото на влага е ниска, до 10%.
Еве кои се благодетите од сауната врз организмот:
За мозокот:
-
Помага за раст на нови мозочни клетки
-
Помага за побрзо работење на мозокот
-
Го подобрува помнењето, вниманието и концентрацијата
-
Помага да се спречат дегенеративните болести
-
Ја подобрува моќта на медитацијата и визуелизацијата
-
Ја ублажува депресијата
-
Пророден стимулатор е на доброто расположение
За телото:
-
Помага мускулите да бидат поголеми, посилни и поефикасни
-
Ја зголемува можноста за долговечност и го забавува стареењето
-
Предизвикува масовно ослободување на хормонот за раст, кој се поврзува со создавањето мускулна маса и намалување на количината на масни наслаги
-
Го јакне имунолошкиот систем
- Ја подобрува чувствителноста на инсулин (го намалува ризикот од дијабетис и болестите на метаболизмот).
Преку потење излегуваат овие токсини од телото:
- Токсични метали во траги: арсен, кадмиум, олово и жива
- Бисфенол – А (БПА) – ги нарушува хормоните и ендокринолошкиот систем. Го има во играчките, пластичните садови, лименките и др.
- Фталати, ДЕХП – можат да влијаат врз машкиот полов развој и да доведат до појава на рак. Се наоѓаат во многу пластични садови и во некоја храна


