Еве што ни недостасува во телото кога имамe силна желба за чоколада, кафе или алкохол
Колку само пати сме почувствувале дека токму во тој еден миг мора да изедеме барем едно парченце чоколада, или да се напиеме кафе, или можеби нешто газирано? Мислиме дека на нашето тело му е потребно токму тоа, но грешиме. Еве што всушност сака нашето тело во тие моменти и како можеме да го задоволиме на поздрав начин.
Кога ќе посакаме:
Чоколада
На нашето тело му треба магнезиум, а оваа потреба ќе ја задоволиме и со јадење јаткасти плодови, овошје или мешунки.
Слатки
Телото ни бара хром (брокула, грејпфрут, сирење, пилешко), јаглерод (свежо овошје), фосфор (пилешко, говедско, риба, јајца), сулфур (кељ, зелка, боровинки).
Леб, тост
Телото сака кислорoд, а ќе го најдеме во храната која е богата со многу протеини, како што е рибата, месото и јаткастите плодови.
Мрсни грицки
Му недостасува калциум. Наместо чипс, изедете брокула, кељ, сирење или сусам.
Кафе или чај
На телото му требаат фосфор и сулфур, NaCl (солl) и железо (месо и риба, морска трева, боровинки).
Алкохол и рекреативни дроги
Очигледно дека не сте се хранеле особено здраво, затоа што телото ви ,,плаче,, за протеини (месо, риба, млечни производи), калциум, глутамин (свеж сок од зелка), калиум (суви маслинки, зелка, кељ).
Газирани пијалоци
На телото му фали калциум. Не треба да нагласуваме колку се штетни газираните производи за организмот. Потребата за калциум обидете се да ја надоместите со горенаведените намирници.
Солена храна
На организмот му недостасува хлор, кој ќе го надоместите со козјо млеко, риба или со нерафинирана морска сол.


