Лицето е огледало на здравјето, а појавата на подочници понекогаш може да упатува и на сериозни здравствени проблеми.

Подочниците се јавуваат заради дехидрација и застој на венската крв и лимфа во капиларниот крвен систем на кожата. Тие можат да бидат со различни бои. Така, темните подочници се манифестираат со темни прстени, како кесички со темна боја или пак како изразен црн круг околу очите. Обично ќесичките се исполнети со течности и укажуваат на бубрежни тегоби, заради што пациентите треба да се упатат на преглед кај нефролог или уролог. Темните подочници можат да се јават и заради зголемено насобирање на темниот пигмент меланин, што е последица на едно хормонско пореметување кај надбубрежната жлезда.

Експертите предупредуваат и дека подочниците можат да алармираат и на анемија, во случај кога ќе се јават бели подочници и светли кесички и во тој случај е потребно да се побара помош од хематолог. Подочниците можат да се јават и заради умор, ненаспаност, старост, исцрпеност и така да предупредат на лоши животни навики, каде спаѓаат и пушењето, лошата исхрана …Тие можат да се јават и како алергиска реакција (белите, со пополнети кесички), заради нетолеранција на глутен (темни прстени), а кај одредени поединци се и наследни (генетска предиспозиција).

Експертите велат дека заради недостатокот на витамини, минерали, лошата исхрана и можната појава на атопиченн дерматитис се јавуваат и несимптоматични подочници. Освен што можат да укажат на болест, тие се и естетски проблем. За да се ослободите од нив, прво мора да се обратите кај лекар за да се исклучат можностите за нивно настанување од медицинска природа и да се укаже на основниот проблем на болеста. Ако не е во прашање медицински проблем, проблемот со подочници се решава и со внесување на доволни количини вода бидејќи токму дехидрацијата е една од најчестите причини за нивно настанување. И тоа, газираните сокови и пијалоци не се од помош, туку исклучиво само обичната вода. Се препорачува и здрав сон (осум часа неделно), храна богата со витамини и минерали, витамин Б6 и К витамин. Исто така, можат да помогнат и кремите кои содржат хранливи материи потребни на кожата, кои ја зголемуваат циркулацијата во кожата и го намалуваат стресот.

Зошто се јавуваат подочниците?

-генетски предиспозиции (наследни се)

-заради собирањето на вода во организмот (промена на времето, хормонскиот статус, заболувања на бубрезите)

-заради алергии и дерматитис

-последица на пигментација после породување

-заради недостатокот на протеини, есенцијални маснотии, Б витамини и фолна киселина

-несоница, стрес, долготрајна работа пред компјутер, премногу гледање телевизија, замор…

Како да ги излечите и спречите?
  • Користете креми со витамините Ц и К и алфахидроксилна киселина
  • Студени облоги или искористени кесички од чај да ги ставите неколку минути на очите
  • Масажа на очите (стимулирање на циркулација )
  • Најтешките облици се лечат така што се елиминира причината и се избелуваат, обично со помош на ласерска терапија.
Тагови: подочници
Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.