Развојот на разни нарушувања во човековиот организам зависи од биолошко – физиолошкиот хемиски биланс кој игра главна улога во регулаторниот механизам на сите телесни функции. Кога ќе се нарушат овие функции, тоа е сигнал дека телото влегло во фаза кога е присутна зголемена киселот на организмот. Оваа состојба се нарекува ацидоза. Успехот на било која терапија е многу поголема ако организмот прво се ослободи од киселоста, а тоа пред се опфаќа промена на животните навики и консумирање одредени намирници кои даваат неопходна алкалност на организмот. Еден од најголемите предизвици во исхраната на модерниот човек е одржувањето на идеалната pH вредност на организмот, бидејќи на тој начин му помага на телото да се избори со бројни тегоби кои подоцна можат да претставуваат сериозни здравствени проблеми. Најчеста недоумица кај многумина кои боледуваат од малигни заболувања е како да се хранат за да му помогнат на своето тело да се избори на најдобар можен начин со болеста и со терапијата. Одделни нутриционисти пред се истакнуваат дека карциномот, на некој начин, е одбранбен механизам кој го користат нашите клетки за да можат да преживејат во кисела средина, без присуство на кислород. Поради тоа се советува да се поведе сметка за тоа исхраната повеќе да биде алкална, бидејќи многу намирници за кои не ни помислуваме всушност создаваат кисела pH вредност. За да се храните правилно, исхраната треба да биде 60% алкална и да се одбегнуваат производи кои се кисели: газирани пијалоци, слатки, брза храна и др.

Треба да се исфрлат овие намирници:
  • рафинирани масла
  • шеќер
  • сите видови слатки
  • газирана минерална вода
  • кујнска сол
  • конзервирана храна
  • бел леб и жито
  • индустриски произведени зачини
  • сувомеснати производи
  • маргарин
  • мајонез
  • кечап
  • секаква индустриска храна во чиј состав има соино масло и масло со висока содржина на есенцијални масни киселини омега – 6.
Треба да се воведат во исхраната следниве намирници кои алкализираат:
  • суво сирово овошје без разлика на вкусот
  • овошје (посебно лимонот, кој иако има кисел вкус, многу силно го алкализира телото)
  • бадеми
  • интегрални житарки (посебно просо, мед, зелени растенија кои содржат хлорофил кој е многу алкален)
  • вода (затоа што е важна за производство на кислородот)

Не треба да се заборави ни на вежбањето, затоа што вежбите му помагаат на целиот организам да го орджи алкален организам со тоа што го поттикнува снабдувањето на телото со кислород.

Многу е важно и да се внесуваат намирници кои се богати со влакна, а превентивен ефект има и внесувањето витамини и минерали. Посебно заштититно дејство имаат зелката, кељот, карфиолот и брокулата и внесувањето на калиум, селен, и витамините Ц, Е и Б.

Последниве неколку децении станува се појасно дека макробиотиката во голема мерка влијаела во промена на ставовите во исхраната и здравјето, и, што е уште поважно, им помогнала на многумина за да го подобрат своето здравје и да излезат како победници во битката со тешките болести и да го унапредат. Исто така, треба да се спомене дека во сите ситуации најдобар начин е индивидуалниот пристап и целосното почитување на сопственото тело. Само тогаш можат да се постигнат врвни резултати.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина