Во лето, во многу станови и автомобили се отворени прозорците, за струењето на воздухот да го освежи и олесни дишењето. Тоа е пријатно, посебно на тропските жештини, но стручњаците предупредуваат на одредени опасности од изложувањето на директното струење на воздухот чии извори се поставени еден кон друг.

 

Неповолното влијание од провевот врз здравјето многу брзо се чувствува кај оние кои работат испотени пред отворен прозорец, како и оние кои со мокра коса се изложуваат на провев. Константната изложеност на провев може да предизвика настинка во мускулите, грч и вкочанетост, но и други здравствени проблеми, како главоболка, воспаление на јајниците, синусите, па дури и воспаление на белите дробови. Се прашувате во што е штетноста на чистиот и свежиот воздух кои влегува низ отворените прозорци и врати? Струењето на воздухот (провев) го зголемува ослободувањето на топлината од телото. Тоа може да предизвика здрвеност, како последица од настинување на мускулите, при кое во процесот на природна одбрана доаѓа до грчење. При движење, може да дојде до притискање на дискот на коренот на нервот или до отежнати движења, кои предизвикуваат многу силна болка. Покрај од провевот, грчењето на мсукулите ќе биде поинтензивно и поболно ако сте под стрес или ако во организмот внесувате материи како кофеин или рафиниран шеќер, кои сами по себе го поттикнуваат стресот.

Резултатите од едно најново истражување, спроведено на Универзитетот во Масачусетс, покажале дека провевот е навистина причинител за огромен број болести – од проблеми со коските, како што се реумата и артритисот, преку настинка, бронхитис, воспаление на ушите и грлото, се до воспаление на мозокот, кои можат да завршат со смрт. Се работи за тоа што, кога во една просторија дува провев, вирусите и бактериите со кои е инфицирана некоја личност побрзо се разнесува низ воздухот и со самото тоа расте опасноста од зараза за сите присутни.

Исто така, ниту нашите мускули не се имуни на несаканите дејства на проветрувањето и токму со провевот можат да се расветлат сите оние необјасниви воспаленија на мускулите кои сите ние ги чувствуваме, а струењето на воздухот е погубно за нашиот нервен и коскен систем. Мешањето на остриот студен воздух однадвор со топлиот воздух одвнатре воопшто не годи на нашата половина и скелетот воопшто. При тие постојани промени на температурите, коскената маса и нервите почнуваат да се шират и собираат наизменично, што доведува до воспалителни процеси, поради кои потоа полесно доаѓа до вклештување на нервите или развивање на ревматиден артритис.

Затоа, докторите препорачуваат што помалку отворање на прозорците и вратите, дури и во лето, кога се големи жештини. Ова предупредување посебно важи за сите оние кои се возат во јавниот превоз. Сите оние кои се грижат за своето здравје, задолжително треба да носат со себе некоја капа или шамија, во случај да му текне на некој несовесен да отвори прозорец или врата пред нив.

Што ако сепак ве ,,фати,, провев

1. Преслечете се.
2. Загрејте се, посебно загрејте го укоченото место (најдобро со топла облога, инфрацрвена ламба или топол туш).

Кога ќе попушти болката

1. Вежбајте.
2. Ако вежбите не помогнат, веднаш појдете на доктор.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина