Топ 15 намирници за пролетно чистење на организмот
Детоксикацијата или чистењето на организмот од токсини ни помага да ја вратиме енергијата, да ја елиминираме поспаноста и заморот, како и да воспоставиме повторно рамнотежа. Организмот е оптоварен со варењето на нездрава и тешка храна, па му е потребна помош за да воспостави нормален баланс. Неправилната работа на организмот може да предизвика многу тегоби, а за да ги има што помалку, потребно е одвреме – навреме да се направи детоксификација на организмот. Ви ги откриваме 15 намирници за пролетна детоксификација.
1. Авокадо
Можеби не е намирница на која се имаме навикнато, но тој е одличен чистач на организмот. Полн е со антиоксиданси и речиси моментално го прочистува организмот така што ги исфрла токсините од него.
2. Брусница
Брусницата се препораува посебно на оние кои имаат често проблеми со уринарни инфекции, а покрај тоа има одлично антибактериско својство, чисти од токсини, елиминирајќи ги наталожените отрови во организмот.
3. Јагоди
Јагодите спаѓаат во овошје богато со витаминот Ц, кој помага во детоксикацијата и во совладувањето на пролетниот замор.
4. Грејпфрут
Ова овошје е многу богато со витамини и помага во чистењето на системот за варење и спречува формирање камења во бубрезите.
5. Зелка
Овој природен диуретик помага да го исфрлите вишокот вода од организмот. Во себе содржи сулфур, кој е важен за исфрлање на хемикалиите од телото. Исто така, богата е со влакна, минерали и витамините Ц, К, Е и А.
6. Аспарагус
Аспарагусот е вистински пролетен зеленчук, а е препознатлив по својата зелена боја, која му ја должи на хлорофилот во себе, познат ,,чистач,, на црниот дроб и крвта. Исто така, богат е со фолна киселина, која влијае врз нормалниот раст на ткивата за време на бременост. Потоа соржи во себе и Ц витамин и калиум, кои во комбинација со аминокиселината аргинин и ниското ниво на натриум го прават аспарагусот природен диуретик.
7. Брокула

Оваа намирница е богата со антиоксиданси кои го чистат телото. Изобилува и со енизми кои му помагаат на дигестивниот ракт да функционира добро.
8. Вода
Обичната вода ги ,,мие,, бубрезите и црниот дроб и го хидрира целото тело. Напијте се неколку чаши вода наутро, во текот на денот, пред секој оброк и, секако, за време и по тренинг.
9. Чај
Чајот му помага на телото да се ослободи од токсините. Користете посебни чаеви за детоксификација, во комбинација со билки кои го чистат организмот.
10. Лимон
Лимонот е одлична намирница која треба да се консумира во текот на целата година, посебно во периодот на детоксификација. Одличен е за сокови и салати, бидејќи содржи витамини и антиоксиданси. Тој ги штити црниот дроб и телото од штетните наслаги.
11. Сок од домати
Доматот содржи хлорин и сулфур, кои ја потпомагаат работата на црниот дроб и бубрезите. Поради тоа тој е една од најдобрите намирници за детоксификација. Со него се подобрува хидратацијата на телото, додека влакната од него, кои ги има многу, даваат чувство на ситост, што помага ако сте на диета.
12. Лук
Оваа супер намирница се препорачува ако сакате да се ослободите от натрупаните токсини во телото, да го намалите холестеролот, да се ослободите од стресот и да го спречите појавувањето на кардиваскуларните болести. Полн е со сулфур и е одличен како антибиотик.
13. Артичоки
Калориската вредност на артичоките е минимална, исто како и содржината на масти. Се работи за вистинска ризница на витамини, минерали и фитохемикалии. Како пријател на црниот дроб, ги обезбедува витаминот Ц и калиумот, но и речиси сите други витамини и минерали во помали количини. Во себе содржи инулин, несварлив јагленохидрат кој има лесно лаксативно дејство, па помага при појава на запек.
14. Спанаќ
Спанаќот е достапен во текот на целата година, но пролетта е идеално време за да се ужива во него. Младиот спанаќ, за разлика од стариот, има посладок вкус и е помалку жилав. Богат е со витаминот Ц и калиум, фолна киселина и железо. Покрај тоа содржи уште и хлорофил и витамин К.
15. Целер
Целерот можете да го јадете во неограничени количини. Поради својот влакнест состав, идеален е за системот на варење.




